8 жени ги споделуваат најдобрите подароци што ги добиле од нивните партнери

8 жени ги споделуваат најдобрите подароци што ги добиле од нивните партнери

Бидејќи е сезона на празници, веројатно размислувате со што да го израдувате вашиот партнер. Можеби сметате дека треба да потрошите повеќе пари, но ова не е секогаш правило за добро изненадување. Совршениот подарок за вашиот партнер не мора да биде скап. Доволно е да подарите нешто со сентиментална вредност што ќе докаже дека навистина го слушате партнерот кога зборува.

8 жени ги споделуваат најдобрите подароци што ги добиле од нивните партнери

Неколку жени споделиле кои се најдобрите подароци што ги добиле од партнерот, а некои без сомнение ќе ве расплачат.

Обрнете внимание на она што го зборува партнерот

„Еднаш му кажав на момчето дека некаде изгубив една моја книга и дека ми беше криво бидејќи навистина ја сакав. Дојде Божиќ и тој ми го купил изданието со тврда корица. Навистина значи кога случајно ќе спомнете нешто, а вашето момче го запомнило.“

„На минување во една продавница спомнав дека сакам да имам фустан со долги ракави за постудено време. Тој Божиќ се изненадив што ми купи фустан (никогаш претходно им нема купено облека). Ми кажа дека го запомнил коментарот и замолил една негова пријателка што носи иста големина колку мене да го проба фустанот и да му помогне да одбере. Истата година ми даде и чанта за шминки со фотографија од нашето куче, а во неа се наоѓаше и клуч од неговиот апартман.“

„Отсекогаш сум била фан на Курт Вонегат. Едно лето мојот сопруг, тогаш момче, и јас бевме во продавница и видов книга од Курт со негов потпис која чинеше околу 500 евра. Само прокоментирав дека кога ќе бидам богата ќе си ја купам книгата. Тој Божиќ живеевме заедно и кога го отворив подарокот веднаш почнав да плачам. Ми ја купил потпишаната копија. Не се расплакав толку за книгата, туку бидејќи тоа беше прв пат навистина да поверувам дека некој ме сака.“

Направете нешто големо, или не правете ништо, зарем не?

„Минатиот Божиќ ме однесе на викенд патување во Венеција и ме запроси на гондола со порака во шише и знаковен јазик.“

Едноставно, но слатко

„Јас и момчето возевме некаде и видовме ѕвезда што паѓа. Откако и двајцата си замисливме желба, се сеќавам дека спомнав дека првата желба што ја имам замислено на ѕвезда е виолетова виљушка. Ова беше првиот Божиќ во мојот нов апартман и имав прибор што го наследив од роднините, а тој ми купи нов виолетов прибор за јадење! Ми рече дека сакал да ми ја исполни првата желба. Секој подарок што сум го добила од него е прекрасен, но овој се истакнува бидејќи е функционален и неверојатно сладок. Го сакам тој човек.“

Подарок за страстен читател

„Навистина сакам книги и мојот омилен автор на фантазии направи добротворна акција со која можевте да добиете лик именуван по вас во неговата книга. За Божиќ тој го внел моето име осум пати, и јас завршив во книгата! Врската заврши, но тоа ќе трае засекогаш.“

Цела кеса школки

„На нашиот втор состанок бевме во Лас Вегас. Минувавме покрај оние киосци од Фабрика за бисери што отсекогаш сум ги сакала, па застанав, земав една школка и ја отворив. Тој ми рече дека му изгледала како лажна, а јас му реков дека не ми е грижа што мисли. Ова беше во јануари. Истата година додека прославуваме Божиќ во домот на мајка ми, тој ми даде цела кеса полна со школки. Бев збунета и мислев дека треба да ги јадам. Мајка ми беше восхитена бидејќи ја знаеше мојата љубов за Фабриката за бисери. Ова е најнеочекуваниот и најромантичниот подарок што го имам добиено.“

Тегла со прекрасни пораки

„Долго време се справував со депресија. Еден Божиќ добив тегла полна со мали пораки од момчето за мене. На сите пораки имаше испишано текст како: Убава си, мило ми е што те сретнав и слично. Тоа е едно од најслатките нешта што ги имам добиено.“

За жал, не сите знаат да го одберат совршениот подарок. Па, погледнете ги најлошите празнични подароци кои луѓето некогаш ги добиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар