8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови
Постојат бројни серии и филмови кои прикажуваат застрашувачки приказни за опседнувања кои завршиле со смрт. Но за колку од нив можеме да кажеме дека се вистински? Додека натприродните појави не се евидентирана причина за ниту еден смртен случај, постојат докази коишто покажуваат дека можеби има некоја вистина во приказните од Холивуд. Па, погледнете ги приказните на 8 луѓе чија смрт можеби е поврзана со натприродното.
1. Духот од Хамерсмит
На почетокот на 19-тиот век, Западен Хамерсмит во Лондон бил полн со гласини за ужасно привидение кое се наоѓало во дел од тамошните гробишта. Локалните жители изјавувале дека гледале фигура во бело со стаклено око и рогови. Откако една бремена жена тврдела дека била физички нападната, почнало да се шири мислењето дека духот е на маж кој неодамна извршил самоубиство.
Пријавите биле сфатени толку сериозно што вооружени полицајци биле пратени да го уапсат духот. Не поминало многу време пред еден полицаец по име Смит да го сретне во живо. Откако побарал од духот да се идентификува и не добил одговор, Смит го застрелал. За жал привидението не било дух, туку Томас Милвуд, скулптор кој бил извалкан од работата.
По некое време Смит бил осуден на смрт, но Томас не се смирил. Се верува дека неговиот дух и денес шета по земјата и можеби покрај сè, тој сепак е духот од Хамерсмит.
2. Клетвата на Тутанкамон
Во долината на кралевите, во раните 1920-ти години, била откриена гробницата на фараонот Тутанкамон која датира од 16-тиот век п.н.е. Гробницата била откриена од британскиот археолог Хауард Картер. Ова неверојатно откритие станало вистинска сензација во медиумите, но истовремено почнале да се шират приказни за тоа дека секој што ќе ја вознемири гробницата на фараонот ќе биде проколнат. Кратко потоа умрел еден од членовите на тимот што учествувал во наоѓањето.
Иако со текот на времето замреле сите шпекулации, следните неколку години имало уште неколку смртни случаи во истражувачкиот тим. Помеѓу починатите се Артур Мејс кој бил убиен со арсен во 1928-ма година, Ричард Бетел, секретарот на Хауард, кој наводно се згушил во неговиот сон во 1929-та година и сер Арчибалд Даглас Ред, кој ја правел рендгенската снимка на мумијата. Дали навистина биле одговорни древните египетски духови?
3. Духот во Алкатраз
Многумина веруваат дека Алкатраз е место каде што владее натприродното, а најзастрашувачка е приказната за духовите во ќелиите од блокот Д. Дел од овој блок е познат како „Дупката“. Дупката е најстуденото место од затворот и овие ќелии биле самици. Во нив имало лавабо, тоалет и светилка. Затворениците биле оставани сами со нивната здодевност.
Во текот на 1940-тите многумина изјавиле дека забележале дух на маж во Дупката со затворска униформа од 19-тиот век. Но, ова привидение може да се поврзе со мистериозната смрт на еден затвореник. Откако бил затворен во ќелија во Дупката, затвореникот почнал да вика дека со него има некој на којшто му светат очите. Чуварите го игнорирале, но следниот ден го пронашле задавен. На неговото грло имало свежи отпечатоци од дланки. Додека некои сметаат дека затвореникот бил убиен од некој од чуварите, не се појавиле никакви докази од истрагата.
4. Духот на тајландската вдовица
Во 2013-та година, жителите на едно тајландско село биле тероризирани од духот на една вдовица за којашто се верувало дека убила десет мажи за само еден месец. Сите мажи умреле под сомнителни околности. Причината кај сите била проблем со респираторниот систем. Бидејќи ниту еден од мажите немал симптоми, селаните најмиле медиум кој го обвинил духот за смртта на мажите. Во 2018-та година истото се случило и во друго село. Дали станувало збор за истиот дух?
Продолжува на следната страница…