8 видови летни обувки кои ги повредуваат вашите нозе
5. Чевли со шпиц
Предности:
- Убави се
- Вашиот чекор изгледа лесен и грациозен
Недостатоци:
- Шпицот може да предизвика нарушување на циркулацијата во прстите
Неприродната положба на стапалото го менува товарот на мускулите на нозете и може да доведе до некои проблеми.
- Лесно можете да се повредите
Одењето во вакви чевли може да го деформира стапалото и да ги притисне нервите, а тоа може да предизвика синдром на хронична болка.
Совет: Осигурете се дека обувките ви се удобни и дека потпетицата не е многу висока (идеална е подебелата потпетица од 4-5 сантиметри).
6. Балетанки
Предности:
- Сè наменски
- Лесни за обување/собување
Недостатоци:
- Честото носење може да предизвика рамни стапала
- Нема потпора на стапалото
- Може да се појават проблеми со колената, колковите и грбот
Совет: Едноставни ортопедски влошки може да ја намалат болката во стапалата.
7. Чевли со платформа
Предности:
- Ве прават повисоки, визуелно послаби и се поудобни од чевлите со потпетици
Недостатоци:
- Деформација на стапалото
Кога одат, луѓето треба прво да стапнат на петата, па на прстите. Кога носите чевли со платформа ова движење е невозможно. Мускулите на стапалата не работат, а мускулите на нозете се преоптоварени.
- Може да предизвикаат повреди
Постои голем ризик да го превиткате вашиот глужд.
Совет: Носете удобни сандали со стабилни потпетици.
8. Одење боси
Не е препорачливо да одите боси долго време. Човечкото стапало не е адаптирано да чекори на рамна површина: Под, тротоар или асфалт. Ова може да предизвика деформација на стапалото и рамни стапала.
Погледнете и зошто апостолките се можеби најопасните обувки.