8-те најубави древни урнатини ширум светот

8-те најубави древни урнатини ширум светот

Денес постојат многу начини да се вратиме во минатото. Гледањето стари фотографии и проучувањето артефакти може да ни помогне да научиме нешто за историјата, но најдобриот начин да ја почувствувате е да посетите некоја древна урнатина.

Нема потреба да го пропатувате целиот свет за да ги видите најубавите древни урнатини. Благодарение на Интернетот можете во секој момент да ја видите другата страна на планетата. Па доколку сте подготвени за пат околу светот, погледнете ги неверојатните древни урнатини кои можете да ги истражувате и од вашиот дом.

1. Та Пром, Камбоџа

8-те најубави древни урнатини ширум светот

Та Пром е храм лоциран во Анкгор Ват, Камбоџа. Наменета и како будистички манастир и како центар за учење, структурата била изградена во доцниот 12-ти век од Џајаварман VII, крал на Кмерското Царство.

Сместен во џунглата и напуштен уште од 15-тиот век, Та Пром е познат по обраснатата состојба на срушениот комплекс. Бидејќи камењата се поставени без малтер, корењата и гранките на дрвјата се извиле околу ѕидовите, создавајќи сцена од најлудите соништа на секој археолог.

2. Ел Кастиљо, Мексико

8-те најубави древни урнатини ширум светот

Ел Кастиљо, неверојатната мезоамериканска скалеста пирамида, се наоѓа во срцето на Чичен Ица. Чичен Ица е град конструиран од Маите на полуостровот Јукатан, Мексико, помеѓу 9-тиот и 12-тиот век.

Со височина од 29 метри и име чие значење е „замокот“, не е ни чудо што Ел Кастиљо се смета за едно од новите Седум светски чуда во светот. Она што го прави овој споменик уште помагичен се појавува само два пати годишно – околу 15 часот, на пролетната и есенската рамноденица, кога сончевата светлина паѓа врз главните скалила на пирамидата така што создава сенка во форма на змија. Сенката постепено се спушта надоле и на крајот се соединува со големата глава од змија, издлабена од камен на дното на скалилата.

3. Баган, Мјанмар

8-те најубави древни урнатини ширум светот

Баган е древен град во регионот Мандалеј во Мјанмар. Во својот најдобар период, Баган бил дом на над 10.000 будистички храмови и светилишта. Иако овој број се намалил изминатиов милениум, речиси 2.000 од структурите се останати до денес, правејќи го Баган место што морате да го посетите.

Илјадниците храмови се најимпресивниот доказ за религиската посветеност на луѓето од Мјанмар. Тие формираат едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Азија и нудат поглед што го нема на ниту едно друго место.

4. Стоунхенџ, Англија

8-те најубави древни урнатини ширум светот

Граден помеѓу 3000 и 1500 година п.н.е., Стоунхенџ е еден од најпознатите споменици од праисторијата. Лоцирана во Вилтшаер, Англија, уникатната структура е направена од два вида камења кои се наредени концентрично. Стоунхенџ и денес претставува мистерија – никој не знае зошто е изграден, но постојат неколку теории. Најверојатно претставувал соларен календар, светилиште за пагански богови или древни гробишта за популарните луѓе.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар