8-те најпопуларни настани кои ги одбележаа социјалните мрежи во 2015
Социјалните мрежи и оваа година повторно се соочуваа со најразлични предизвици. Многу статуси, твитови, лајкови кои на момент го спојуваа целиот свет. Погледнете ја листата на овогодишните настани кои на момент го срушија и запреа интернетот.
1. На модната ревија на Валентино, на 10-ти март, гостите пријатно се изненадија кога познатите актери Бен Стилер и Овен Вилсон ја прошетаа пистата за да го најават вториот дел од филмот „Зулендер“. Ова беше модниот настан за кој најмногу се коментираше оваа година.
2. Кога Кејтлин Џенер за првпат се појави како жена на насловната страница на списанието „Vanity Fair“. Потоа ги објави фотографиите на Твитер и Инстаграм, каде што повторно ги собори рекордите.
3. Дали се сеќавате кога целиот свет на социјалните мрежи дебатираше дали фустанот е сино-црн или златно-бел?
4. Кога претседателот на САД, Барак Обама, објави на Твитер дека геј браковите се дозволени во целата земја. Хаштагот #LoveWins се прошири низ сите социјални мрежи во светот.
5. За време на настапот на Кети Пери на полувремето на „Super Bowl“ биле разменети неверојатни 28 милиони твитови.
6. „Дружината“ на Тејлор Свифт, која се состои од најпопуларните модели и познати личности, беше дел од нејзината турнеја насловена „1989“, а на Инстаграм и Твитер публиката постојано ги фотографираше и коментираше нивните настапи.
7. Еден трагичен настан ја одбележа 2015-та година, а тоа беше терористичкиот напад во Париз. Хаштаговите #PrayForParis и #JeSuisParis го обиколија целиот свет.
8. Трејлерот за новото продолжение на популарниот серијал „Војна на ѕвездите“ е прегледан 70 милиони пати. Популарноста на социјалните мрежи сѐ уште расте, со оглед на тоа што филмот штотуку почна да се прикажува.