8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд
Холивуд е полн со светла, гламур, ѕвезди и драма, a понекогаш и смрт. Но смртта во Холивуд не може да помине без внимание. Овде постојат многу нерешени убиства, мистериозни смртни случаи и збунувачки исчезнувања на ѕвезди од секој период. Па, погледнете некои од најчудните.
1. Алберт Декер
Алберт Декер е актер кој мистериозно исчезнал неколку денови во 1968-ма година, пред да биде пронајден од неговата сопруга. Таа го пронашла гол во када, заврзан со синџири, a околу вратот имал обрач. Во неговите раце имало игли, а по целото тело имал испишано зборови со црвен кармин. Полицијата на почетокот ја сметала смртта за самоубиство, но подоцна тоа било одбиено. Не се направени понатамошни истражувања и не биле пронајдени осомничени.
2. Боб Крејн
Боб Крејн бил американски актер и тапанар, имал радио шоу, а бил и диск џокеј. Бил пронајден претепан до смрт во неговиот апартман со електричен кабел околу вратот. Првиот осомничен бил маж по име Џон Карпентер, пријател на Крејн. Полицијата го уапсила, но подоцна бил ослободен од обвинувањата. Убиството и денес е нерешено.
3. Тупак Шакур
За контроверзната смрт на познатиот хип-хоп артист се зборува и денес. Тупак бил убиен во Лас Вегас во 1996-та година кога бил застрелан 4 пати додека чекал на семафор. Се мислело дека убиецот е член на соперничка банда, Орландо Андерсон. Полицијата го испрашала Андерсон само еднаш и никој никогаш не бил обвинет за убиството. Многумина мислат дека неговото убиство е поврзано со она на Notorious B.I.G. 6 месеци подоцна.
4. Џорџ Ривс
Џорџ умрел од куршум во главата и целото место на злосторството изгледало како самоубиство. Но, тој немал барут на своите раце. Од пиштолот не можеле да бидат земени отпечатоци кои би помогнале во истрагата. Пријателите на Џорџ тврделе дека тој не би посегнал по својот живот и дека виновна е неговата поранешна девојка Тони Маникс.
Продолжува на следната страница…