8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба

8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба

Потрагата по лек за болката или физичкото, психичкото и духовното страдање е проблем кој покажува повеќе од едно решение. Затоа, начините по кои го бараме нашето просветлување ќе продолжат да се разликуваат. Фолклорот и науката се тука да нѐ потсетат дека одредени локации на Земјата се познати по своите „способности“ да ги лечат и обновуваат телото, умот и душата. Во тој контекст, прочитајте за 8-те места во светот кои се познати по тоа што можат да ја подобрат вашата здравствена состојба.

1. Лурд, Франција

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Лурд долго време е една од најпопуларните дестинации за туристите и религиозните следбеници. Се истакнува за оние кои веруваат дека чудата се возможни дури и кога тешките периоди изгледаат неминовни. Духовното лечење доаѓа од базените со вода во бањата Бернадет, каде многу случаи сведочат за успешни лекувања на луѓето од разни духовни тегоби.

2. Мачу Пикчу, Перу

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Многу локални шамани и експерти за добросостојба ја препорачуваат посетата на Мачу Пикчу за да ги олеснат симптомите од разни болести. Фолклорот вели дека кога перцептивна личност ќе го стави челото на каменот Интихуатана, тој ќе ја пренесе неговата или нејзината визија во духовниот свет.

3. Сина лагуна, Исланд

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Едно од 25-те светски чуда, Сината лагуна е едно од највпечатливите места во Северна Европа, поради своите здравствени придобивки. Се вели дека со своите минерали кои потекнуваат од Земјината кора, лечи од разни кожни болести и состојби како егзема и псоријаза.

4. Портата на пеколот, Нов Зеланд

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Природната спа, која е позната по лекување кожни болести, најпрво била откриена од Роторуа Маори пред повеќе од 7.000 години. Светото место, сега отворено за јавноста, вклучува природни елементи како што се водопадите Какахи – најголемиот водопад со топла вода на Јужната хемисфера. Легендата вели дека воините доаѓале тука и се бањале во водите за да ги излечат раните од битките.

5. Мртво море, Израел

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Мртвото море е познато по својата лековитост за разни видови нарушувања на физичкото здравје кои се чести во денешното општество, од болки во коските и артритис до псоријаза и срцеви заболувања. Науката зад процесот е високото количество сол – 33% и магнезиум, калциум, калиум и други минерали.

6. Банахав, Филипини

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Банахав е активен вулкан кој се наоѓа на филипинскиот остров Лазун и е познат по лекувањето различни видови ментални и духовни нарушувања кои се практикуваат уште од библиските времиња. Верата во ова место е силна и стои како тестамент за сите посетители кои поминуваат покрај карпите, премините и тунелите за да добијат седумгодишна прошка за сите свои гревови. Постои и мало, замаглено водно езерце на кое може да се пристигне само со скала и се вели дека има неверојатни исцелителни моќи за сите оние кои ќе се искапат во него 7 пати.

7. Улуру, Австралија

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Улуру се смета за едно најважните знаменитости за домородната култура, каде лидерите на Абориџините се качувале на карпата Ајерс за да ги кажат своите молитви за здравјето и обновувањето на Земјата и нејзините жители. На посетителите им е забрането да се искачат на карпата, од почит кон луѓето кои ја слават земјата врз која таа се формирала. Во контраст, секој што ќе земе парче од карпата може да навлече духовно проклетство кое ќе трае сѐ додека го има каменот со себе.

8. Убуд, Индонезија

8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојба

Убуд е позната мистична дестинација на Земјата која е богата со приказни за духовно просветлување и исцелување. Славата ја должи на западната култура, односно на филмот „Јади, моли се и сакај“ (Eat Prey Love), кој што ги прикажува бројните здравствени придобивки на мирното место. Медитацијата и јогата се најпознатите традиционални активности во Индонезија, па затоа се вели дека местото е одлично за емоционалното будење и враќањето на енергијата во умот и телото. Локалното население често се моли во бројните храмови кои се наоѓаат на најразлични места низ Убуд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар