8 разоткриени митови за алкохолот

8 разоткриени митови за алкохолот

Автор: Маја Линкова

Пиењето е забавно. Алкохолот нè прави среќни и нè тера да правиме работи за кои претходно никогаш не би се осмелиле. За жал, по една ноќ придружена со алкохол, ние мора да се справиме со несаканите последици (убиствен мамурлак кој нѐ казнува за нашите гревови). За да се спречат различните ефекти на алкохолот, ние употребуваме свои убедливи техники мислејќи дека ќе ни помогнат. На пример не пиеме пиво поради пивскиот стомак, или пиеме кафе за да се отрезниме. Проблемот е во тоа што ова се обични митови за алкохолот и тие не ни помагаат. Па, пред да испиете огромна количина кафе за да се отрезните, подобро прочитајте ја вистината за осумте најпознати митови за алкохолот.

8-razotkrieni-mitovi-za-alkoholot-kafepauza.mk

Пиење пиво пред да се напиете жесток алкохол ќе ве опие побрзо

Всушност, редот на алкохолни пијалаци кои ги пиете не е битен. Ќе имате мамурлак бидејќи сте испиле премногу. Секоја пијачка што ќе ја испиете, сè додека е иста количина ќе ги предизвика истите ефекти кои ги предизвикува претераното пиење – дехидрирање, губење меморија, гадење и чувствителност на светлина.

Пиењето пиво резултира со пивски стомак

Зголемувањето на тежината позната како „пивски стомак“, не се случува само од пивото. Секој алкохолен пијалак има високо ниво калории и празни јаглехидрати, па така пивскиот стомак може да биде предизвикан од кој било алкохолен пијалак, сеедно дали станува збор за вино, вотка, ликер или некој друг вид алкохол. Па, следниот пат кога ќе избегнете пиво, знајте дека не треба да го обвинувате само него.

Кафето ќе ви помогне да се справите со мамурлакот

Со цел да се отрезните, телото треба целосно да се ослободи од алкохолот што го има во вашето тело. Меѓутоа, кафето нема да помогне во забрзувањето на тој процес. За да се справите со мамурлакот, треба да почекате вашето тело природно да го уништи алкохолот во телото и за ова може да бидат потребни неколку часа. Пиењето кафе може да ги наостри вашите сетила и да ве натера да се чувствувате како да се справувате со мамурлакот. Дури и да испиете голема количина кафе, тоа нема да го забрза процесот и препорачливо е да се избегнуваат опасни активности, како што е возењето автомобил наредното утро.

Алкохолот ги уништува мозочните клетки

Пиењето може да го забави процесот на размислување и може да ја спречи активноста на вашиот мозок. Но, не грижете се, мозочните клетки не се уништуваат целосно поради тоа. Сепак, важно е да разберете дека алкохолот ги уништува и оштетува нервните клетки, ја променува нивната структура и предизвикува некои симптоми кои се случуваат кога сме пијани. Ова може да биде краткорочна појава, но колку повеќе пиете, толку повеќе мозокот ја губи способноста да се „поправи“ по пијана ноќ.

Ќе се чувствувате повеќе пијано ако помешате алкохол со енергетски пијалак

Нема да се чувствувате многу пијано, само поразлично. Ако пиете алкохол со кофеински енергетски пијалак, ќе бидете во чудна состојба која е наречена „тотално будно пијанство“. Ќе ја имате истата количина алкохол во крвта, како да сте пиеле само алкохол, но ќе се чувствувате потрезно поради кофеинот. Ова е потсетник за тоа како кафето не ви помага да се отрезните. Не е препорачливо да мешате енергетски пијалак со алкохол. Оваа мешавина може да биде многу штетна.

Повраќањето може да ве отрезни

Повраќањето ќе ви помогне да го исфрлите алкохолот од дигестивниот систем, кој ќе го спречи тој да навлезе во крвотокот. Но, вашата крв сè уште ќе содржи алкохол кој вашето тело мора да го исфрли. Па, може да помогне да се ослободите од алкохолот во вашиот стомак, а со тоа повеќе нема да бидете пијани. Сепак треба да почекате неколку часа за телото целосно да се ослободи од алкохолот во вашето тело.

Светлите пијалаци (по боја) ќе ве спасат од мамурлак

Посветлите алкохолни пијалаци ќе ја подобрат целата состојба. Образложението е тоа дека ферментираните производи кои се потемни алкохолни пијалаци, го прават вашиот мамурлак посилен.

Мажите и жените кои имаат иста висина, можат да испијат иста количина алкохол

Дури иако сте иста висина и тежина со мажот кој седи до вас, вие сепак ќе се опиете многу побргу доколку испиете иста количина алкохол. Тоа се случува така бидејќи мажот има повеќе мускулни ткива и масти од жената, а мускулите содржат повеќе вода отколку масти. Тоа значи дека алкохолот се проширува повеќе во машкото тело. Ова значи дека жените ќе имаат повисоко ниво на алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар