8 работи што ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаат

8 работи што ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаат

Тешко е да се биде возрасен човек. Доколку имате 20-тина години сигурно и самите сте го почувствувале тоа, иако можеби не се чувствувате целосно созреани. Можеби сѐ уште не си ги плаќате сметките за телефон сами, не си закажувате лекарски прегледи (наместо тоа се надевате дека нема никогаш да се разболите) и немате поим како се пополнуваат даночните пријави. Ако се пронајдовте во овие ситуации, не грижете се. Не сте сами. Постојат многу работи кои ниту возрасните во нивните 30-ти не ги разбираат. Во продолжение прочитајте кои се 8-те нешта што создаваат конфузија во светот на возрасните…

8 работи кои ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаат

1. Сѐ што е поврзано со финансии

Пријава на даноци, исплаќање хипотека, кредити… Сите овие работи ги збунуваат дури и искусните возрасни. Верувајте дека постојат многу луѓе кои сѐ уште не научиле како се пополнува даночната пријава иако секоја година го прават истото.

2. Сини картони

Додека сте биле ученици и студенти сигурно сте биле здравствено осигурени преку еден од родителите и воопшто не сте се заморувале со тоа. Но, откако ќе го изгубите статусот „студент“ работите се менуваат. Што треба да направите за да добиете самостојно здравствено осигурување доколку не сте вработени не знаете ниту вие ниту кој било возрасен што сте го прашале.

3. Враќање на данок

Со овој проблем обично се соочуваат луѓето кои работеле надвор од земјата или купиле нешто поголемо од странство. Како оди точно целиот овој макотрпен процес, кои документи се потребни и колку пари треба да се вратат, никој не знае со сигурност.

4. Дропки

Ова е нешто што се учи во основно училиште и сите би требало да го знаат. Сепак, вистината е малку поинаква. Ретко кој знае да пресметува дропки. Доколку и вие имате проблем со овие броеви, време е да се соочите со него, бидејќи нема да можете да прочитате ниту еден обичен рецепт за готвење. Доволно е да знаете барем што значи 1/2.

8 работи кои ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаат

5. Камати

Сигурно сте чуле за плаќање со камата или без камата и исплаќање пари со камата. Сѐ што знаете е дека или ќе треба да платите повеќе пари од износот на почетната сума или ќе добиете повеќе пари (ова се однесува на штедните влогови). Но, како оди точното пресметување на каматата, малкумина знаат.

6. Кредитен рејтинг

Кредитен рејтинг по дефиниција е вреднување на кредитоспособноста на должникот да го отплаќа својот долг. Но, како тој се пресметува и кои критериуми се користат при пресметките? Никој не знае, само знаеме дека постои такво нешто.

7. Автомобили

Сите сме се возеле во автомобил, но со каков механизам работат овие машини? Сигурно ви го објасниле ова кога сте земале часови по возење, ама кој да памти такви здодевни информации?! Ако автомобилот може да ве пренесе од една дестинација на друга, тоа е најважно и не ви треба да знаете ништо повеќе.

8. Одржување на автомобилот

Дури и наједноставните работи предизвикуваат главоболка кога се работи за автомобилите. Сте требале некогаш да ги наполните гумите со воздух? Признајте дека сте ја одложувале таа едноставна обврска некое време затоа што не сте знаеле точно што треба да направите! Можеби некој некогаш ви покажал како се прави тоа, но сепак одбегнувате да ја завршите работата.

Доколку не сте сигурни дали сте влегле во светот на возрасните, ова се 10-те знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или не.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар