8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлуки
Ако претпоставуваме дека разбираме зошто размислуваме и ги правиме работите на одреден начин, тогаш веројатно грешиме. Со децении долгите истражувања покажуваат дека луѓето се однесуваат на начин кој е мистериозен и збунувачки – дури и за самите нив. Во продолжение прочитајте ги 8-те психолошки откритија кои објаснуваат дел од одлуките што ги правиме секој ден.
1. Честопати се согласуваме со мислењата на другите, дури и ако е очигледно дека другите грешат
Психологот Еш направил експеримент уште во 50-тите години на минатиот век каде учесниците требало да кажат која од трите линии е најдолга. Едната линија очигледно била подолга од останатите. Во секоја околност, еден учесник бил опкружен со група луѓе кои тврделе дека најкратката линија е најдолга. Дури ¾ од учесниците се сложиле со групата. Подоцнежните експерименти во кои се скенирал мозокот, покажале дека групниот притисок предизвикувало промена во перцепцијата за реалноста на луѓето, додека несогласувањето со групата ги правело да се чувствуваат неудобно.
2. Погрешно претпоставуваме дека повеќето луѓе го поддржуваат однесувањето на другите
Еден начин да се објасни овој феномен е кога „никој не верува, а сите мислат дека сите веруваат“. Со други зборови, поединци во групата приватно веруваат во едно, но мислат дека сите останати во групата веруваат во спротивното. Кога психолозите Даниел Кац и Флојд Алпорт во 1931-та година испитувале студенти за расната сегрегација, повеќето од нив не ја поддржувале, но биле убедени дека нивните пријатели ја поддржуваат. Истите резултати се покажале и во скорешните истражувања за консумацијата на алкохолот помеѓу студентите. Повеќето не ја практикувале, но мислеле дека тие се оние кои се издвојуваат од другите.
3. Повеќе ги сакаме луѓето кои се однесуваат слично како нас
Веќе е познато дека ако сакате да добиете нешто од некого, треба суптилно да го имитирате нивниот говор на телото. Овој ефект е познат како „камелеонов ефект“.
4. Мислиме дека имаме силно влијание врз функционирањето на работите, иако тоа не така
Тоа објаснува зошто секогаш мислиме дека сме заглавиле во побавниот ред во продавницата или во подолгата колона на патот. Таа врска се појавува кога се чини како две работи да се поврзани, иако не се. Затоа кога стоите во ред, забележувате само две работи: Редот кој сметате дека се движи побрзо од вашиот и себеси. Не обрнувате внимание на фактот дека всушност и вие брзо се приближувате до касата.
5. Не размислуваме секогаш рационално кога работиме во група
Познатиот психолог Бен Датнер вели:
„Понекогаш, најдобрата работа која лидерот може да ја направи за да го спречи „групното размислување“ е да отстапи од својот тим и да овозможи групата да дојде до својот независен консензус пред да се донесе некоја финална одлука.“
6. Можеме да бидеме погруби кон другите отколку кон себеси
Честопати мислиме дека туѓите грешки се резултат на личните пропусти, а нашите грешки се резултат на околностите. Така на пример ако некој ве турне на поминување, ќе помислите дека е луд пред да му се случи нешто. Но, ако вие некого поттурнете, вие сте љубезни и знаете дека не сте го направиле тоа намерно.
7. Не сме свесни што влијае врз нашето однесување
Во една студија, на учесниците им била дадена плацебо таблетка и им било кажано дека ќе им се намали болката кога примаат електрични шокови. Откако ја зеле таблетката, учесниците можеле да издржат дури 4 пати поголема болка. Но, кога ги прашале зошто одеднаш повеќе ја толерираат болката, тие не го поврзале своето однесување со пилулата туку давале разни објаснувања – на пример дека се навикнале и слично.
8. Мислиме дека сме попривлечни некому кога ќе ги сретнеме во опасни ситуации
Бројните истражувања покажуваат дека првата средба треба да биде возбудлива. Состанокот на кој сте вклучиле и доза адреналин – вртелешка, хорор филм (па дури и ако сте се нашле во некоја навистина опасна ситуација), го помага стимулирањето на мозокот и луѓето мислат дека навистина уживаат во вашето друштво. Што, се разбира, е вистина, но чувството дополнително се засилува.