8 причини зошто жените со вишок килограми се посреќни
Веќе исчезнува идејата дека убавата жена треба да биде слаба. Голем број жени со некој килограм вишок веќе не се чувствуваат неудобно поради својот изглед, баш напротив, гордо ги прикажуваат своите тела. Еве неколку причини кои докажуваат дека многу жени со вишок килограми всушност се посреќни од слабите.
1. Тие се посклони кон себеприфаќање
Без разлика дали вишокот килограми се генетски предизвикани или не, овие жени полесно се прифаќаат себеси. Тие имаат способност да се погледнат во огледалото и да го прифатат она што го носат на себе. На кратко, ним им е удобно во својата кожа.
2. Облините се позаводливи
Не само што се заводливи, туку тие најмногу одговараат на природната фигура на жената. Телата можат да бидат во различни облици и големини, но колковите се наменети за раѓање деца, задникот за седење, а градите за производство на храна. Сите овие карактеристики симболизираат сила, стабилност и заштита. Ништо не е посекси од жена со вакви облини.
3. Жените со облини немаат предрасуди
Секоја маргинализирана група учи како да се поврзе заедно и да развие чувство на еманципација. Жените со вишок килограми не се исклучок, затоа што тие се соочуваат со предрасуди, особено во помладите години. Ним им се упатени невкусни шеги и критики, а на крајот тие учат како да се сакаат онакви какви што се.
4. Тие се помалку опседнати со нивниот изглед
Едно нешто што жените го сфаќаат погрешно е тоа дека атрактивниот изглед најмногу се базира на големината и тежината, а притоа забораваат на другите елементи на физичката убавина, како што е блескавата насмевка, заводливите очи, сјајната коса и слично. Ова не е случај со жените со вишок килограми. Тие научиле да се прифатат онакви какви што се, па се фокусираат на среќата, забавата и пријателството.
5. Жените со вишок килограми се посекси
Истражувањата покажале дека мажите ги доживуваат жените со облини како посекси од оние кои се претерано слаби. Ваквата фигура во комбинација со другите карактеристики нуди љубопитност и сексапил.
6. Тие се искрени со себеси и со оние околу нив
Жените со вишок килограми учат удобно да живеат во своето тело, го прифаќаат својот изглед, а неретко знаат да се пошегуваат и на своја сметка. Тие знаат дека постојат многу други работи на коишто луѓето би можеле да се фокусираат.
7. Напорната работа е попријатна
Познато е дека жените при важните настани најчесто се потпираат на нивниот изглед. Тука се споменува интервјуто за работа, учествувањето на некоја дебата, некој состанок и слично. Жените со вишок килограми ја немаат оваа „привилегија“, па затоа тие умеат напорно да работат за да ги постигнат своите цели.
8. Тие се одлични во кревет
Жените со облини се познати како беспрекорни љубовници! Тие нудат удобни секс пози, а исто така ја зголемуваат и издржливоста. Тие се одлични имајќи ја предвид нивната физичка и емоционална топлина.