8 причини зошто треба да почнете да читате љубовни романи

8 причини зошто треба да почнете да читате љубовни романи

Некои љубители на книгите едноставно не сакаат да читаат љубовни романи, бидејќи ги сметаат за клише и патетични. Доколку и вие спаѓате во оваа група читатели, можеби треба да му дадете шанса на барем еден љубовен роман. Тие ќе ви го овозможат бегството од реалноста што ви треба за време на празниците и ќе ви ја вратат вербата во љубовта. Постојат различни видови љубовни романи, така што сигурни сме дека е напишан барем еден што ќе ви се допадне само што сѐ уште не сте го пронашле. Ова се 8-те причини зошто треба да им дадете шанса на љубовните романи…

8 причини зошто треба да почнете да читате љубовни романи

1. Понекогаш на сите ни треба потсетување дека среќниот крај е возможен

Среќните краеви не постојат само во детските книги и цртаните на Дизни. Во реалноста, вистинската љубов не победува секогаш, но понекогаш се случува и тоа. На сите одвреме-навреме ни треба таков потсетник.

2. Љубовните романи ќе ве потсетат дека треба да бидете позитивни

Љубовните романи се прекрасни затоа што се фокусираат на позитивните работи. Нормално дека опишуваат еден куп грешки, конфликти и неуспеси, но поентата е дека двајцата заљубени ќе најдат начин да ги пребродат сите проблеми и да останат заедно во добро и во лошо.

3. Љубовните романи можат да го разгорат пламенот што тлее во вас

Љубовните романи изобилуваат со секси и романтични сцени кои можеби ќе го разбудат огнот во вас и ќе ви дадат некои идеи што ќе можете да ги примените во вашиот љубовен живот.

4. Ќе се потсетите дека постојат секакви врски

Ако штотуку сте ја прекинале врската или веќе неколку години сте сингл, сигурно досега сте заборавиле дека постојат безброј начини на кои може да се спаси врската и да успее. Љубовните романи ќе ве потсетат дека не постои едно единствено решение на проблемите во врската и ќе ви ја вратат вербата во тоа дека еден ден ќе ја пронајдете вашата сродна душа.

8 причини зошто треба да почнете да читате љубовни романи

5. Љубовните романи се одличен лек за скршено срце

Љубовните романи ја покажуваат добрата и лошата страна на раскинувањата, но секогаш завршуваат среќно. Доколку поминувате низ раскинување, одберете роман со среќен крај. Со текот на времето ќе се чувствувате подобро, но дотогаш стуткајте се под ќебето и нурнете во светот на некој добар љубовен роман.

6. Нема ништо лошо во тоа што сакате да читате нешто позитивно

Понекогаш луѓето ги исмеваат нештата што делуваат премногу среќни за да бидат вистинити. Но, приказната не мора да е тажна за да биде добра. Ако ви треба малку позитивност во животот или обичен потсетник на старомодната љубов, нема да погрешите со љубовните романи.

7. Новите жанрови ќе ви помогнат да излезете од вашата зона на удобност

Одвреме-навреме треба да читате книги од жанрови што не ги претпочитате. Можеби мразите научна фантастика, но треба да им дадете шанса и на таквите книги. На тој начин ќе откриете многу работи за себе, а можеби и ќе ви се допадне жанрот кој претходно не ве интересирал воопшто. Истото важи и за љубовните романи. Дајте им шанса и можеби ќе се изненадите од вашата реакција.

8. Љубовните романи ќе ви помогнат подобро да ги искажувате вашите потреби

Љубовните романи содржат многу лекции за тоа како треба да ги искажувате вашите чувства, желби, потреби и интереси. Тие претставуваат еден вид упатство кое ќе ви помогне да ја одржите врската успешна и среќна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар