8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

За луѓето кои имаат страв или фобија, психолозите сега имаат и современ третман, покрај психотерапијата. Тие ја користат виртуелната реалност за да им помогнат на луѓето да се борат против својата вознемиреност. Ако се плашите од гужва, ќе бидете ставени во виртуелна ситуација каде што ќе бидете опкружени со луѓе и ова ќе ви помогне да се соочите со стравот и да го надминете. Сепак, на вашите стравови не секогаш им треба третман бидејќи тие навистина може да ви помогнат на многу начини. Прочитајте како разумна доза страв може да ви помогне да напредувате во животот.

1. Стравот ви помага да изгубите тежина

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Чувствувањето малку страв согорува повеќе калории отколку кога не се плашите од ништо. Додека се забрзува пулсот, вашето тело доживува проток на адреналин. Вашиот метаболизам се забрзува, а шеќерот и мрснотиите согоруваат во тој процес. Во едно истражување, физиолозите од Лондонскиот универзитет во Вестминстер откриле дека кога луѓето гледале хорор-филмови, согорувале до 113 калории, а исто толку би потрошиле и со половина час пешачење.

2. Стравот го зајакнува вашиот имунолошки систем

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Во некои истражувања спроведени од Универзитетот „Ковентри“ во Велика Британија, учесниците гледале хорор-филм. Потоа, истражувачите зеле примероци од крв од тие луѓе. Резултатите покажале дека чувството на страв предизвикало активирање на нивните бели крвни зрнца, а тие ви помагаат да се борите против болестите и да закрепнете. Колку повеќе имате бели крвни зрнца, толку е посилен вашиот имунолошки систем.

3. Стравот може да ве мотивира

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Кога се чувствувате исплашено, не се лачи само адреналин, туку и други хемикалии, како што е серотонинот. Тој му помага на вашиот мозок да работи поефикасно, а стравот е всушност енергија. На пример, ако сте тркач и одите по истата рута секој ден, брзо ќе се навикнете на тоа, но кога ќе најдете ново место каде што ќе бидете малку исплашени и навистина треба да се фокусирате, вашиот мозок ќе започне да работи максимално. Вашиот мозок копнее по нови предизвици.

4. Стравот ве зближува со другите луѓе

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Кога чувствувате страв, се ослободува окситоцин, хормон кој ви помага да градите односи со луѓето околу вас. Сите имаме инстинкт на преживување и тој нè тера да се споиме со некој друг за да ја надминеме опасноста. Совршен пример за ова е кога луѓето се гушкаат додека гледаат страшен филм.

5. Ви овозможува фокус и концентрација

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Размислувањето за иднината или за нешто непознато може да биде доволно за да ве исплаши. Ако се чувствувате малку загрижени или вознемирени за тоа, заедно со адреналинот, кој ве држи под стрес, се ослободува друг хормон познат како норадреналин, кој ве одржува фокусирани наместо да ве фаќа паника. Тој овозможува да размислувате појасно додека сте под стрес и затоа се користи во многу антидепресиви. Живееме во свет на постојано одвлекување на вниманието, како што се гледањето телевизија или користењето Интернет, а малку страв ќе ви помогне да бидете целосно будни и фокусирани.

6. Стравот ви помага брзо да се извлечете од неволји

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Кога поминувате низ слабо осветлена улица ноќе или слушате чекори веднаш зад вас, нема да размислувате многу за вашите идни активности: започнувате да одите побрзо и да се обидете порано да стигнете до вашата безбедна дестинација. Стравот го принудува мозокот да реагира веднаш и да најде решение, наместо да троши време за детална анализа на ситуацијата.

7. Стравот ви помага да направите позитивна промена

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Кога докторот ќе ја погледне вашата анализа на крвта и ќе ви каже дека имате високо ниво на шеќер и може да добиете дијабетес, ќе почнете да чувствувате страв. Тоа е затоа што можеби веќе сте свесни за сериозната штета што може да ја предизвика дијабетесот. Поради тоа, ќе започнете да ги следите наредбите на лекарот и да внимавате на исхраната за да излезете од таа опасна зона. Ако не се плашите, ќе ви треба многу време за да ја направите таа позитивна промена.

8. Стравот ви помага да се надминете себеси

8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

Постои психолошка состојба позната како Кронос синдром, а тоа е кога луѓето се плашат дека ќе бидат заменети со некој друг во која било сфера од нивниот живот, без разлика дали е тоа поврзано со работата, врската или семејството. Психолозите тврдат дека овој страв во умерени дози може да ви помогне да напредувате, а без тој страв, многумина би чувствувале назадување во приватниот или во професионалниот живот. Кога сте сигурни дека никој нема да ве замени, се опуштате и станувате мрзеливи на работа и во приватниот живот.

Проверете дали можете да ги разликувате стравот и интуицијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Mica Reply

    Нема болест што ќе ме натера да гледам ужас.

Остави коментар