8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата
Се проценува дека речиси 90% од луѓето во светот ѝ припаѓаат на некоја религија. Дури ако не ги броите децата од религиозни семејства, јасно е дека огромен дел од популацијата верува во некоја религија. Прашањето е зошто. Зошто луѓето имаат потреба да веруваат во нешто што изгледа невозможно? Краткиот одговор е дека никој не знае сигурно, но постојат делови од нашето однесување кои можеби ќе ни понудат интересни одговори.
1. Луѓето се суеверни
Она што е интересно е тоа што сувереноста не е одлика само на луѓето. Психологот Б. Ф. Скинер демонстрирал дека и гулабите можат да бидат суеверни. Тој ставил гладни гулаби во кутија и им давал храна во неодредено време. Гулабите почнале да го повторуваат однесувањето од периодите кога биле хранети за да ја „натераат“ храната повторно да се појави. Навистина е тешко да се направи разлика помеѓу суеверност и религиско верување.
2. Луѓето не можат да се ослободат од антропоморфизмот
Дали разговарате со вашиот компјутер? Луѓето разговараат, или им викаат на нивните компјутери, автомобили, алати и речиси сè што ќе им дојде во рака. Постојат некои докази дека ова однесување е корисно. На пример, ако барате нешто што сте изгубиле, и ако гласно го кажувате името на предметот ќе ви биде полесно да го најдете. Изгледа дека луѓето се концентрираат на нешто кога му „зборуваат“. Исто така луѓето се свесни дека автомобилот или компјутерот не можат да ги слушнат, но сепак не можат да престанат со ова однесување. Религијата често е опишувана како „Обид да разговарате со времето“, а разговарањето со автомобилот е исто.
3. Потреба за цел
Изгледа имаме природна способност да бараме цел во нештата. Не ни изгледа правилно доколку речеме дека некои нешта немаат цел, туку едноставно постојат. Кога бараме цел во сè, се поставува и прашањето која е целта на животот, на смртта, или пак на злото. Многу филозофи сметаат дека овие прашања не се разумни бидејќи се засноваат на претпоставката дека тие нешта имаат цел. Религијата може да биде одговор на овие прашања.
4. Верба во правда
Луѓето како да имаат внатрешна верба во правдата. Ова најмногу е изразено кога на мало дете ќе му се нанесе неправда. Иако одговорот на родителите во овие случаи е дека животот не е фер, чувството дека животот треба да биде фер е навистина силно. Изгледа дека и оваа особина не им се припишува само на луѓето. Професор Марк Бекоф верува дека чувството за морал е вградено во мозоците на сите цицачи. Разликата е тоа што на луѓето им смета да гледаат неказнета неправда. Чест фактор во религиите се бројните казни. Навистина е тешко да се помисли дека најпривлечното нешто кај религиите е надежта дека „злобните“ луѓе ќе бидат казнети.
Продолжува на следната страница…