8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Италија е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, но ќе се излажете ако помислите дека веќе нема дел од земјата кој останал неоткриен за повеќето луѓе. Во морињата кои го опкружуваат Апенинскиот Полуостров сè уште има неколку прекрасни мали островчиња кои успеале да се скријат од посетителите и да ја задржат живописната убавина која им ја подарила природата.

Џиљо

Џиљо е мало островче од Тосканскиот архипелаг кој останал убав како што бил отсекогаш, поради фактот што околните острови се многу попосетувани, а тој останал неоправдано игнориран. На него можат да се видат главно гранитни карпи со прекрасни плажи и бистра вода, како и неколку мали и скромни хотели.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Пантелерија

Пантелерија е преубав мал вулкански остров во близина на Сицилија каде што повремено се релаксираат и некои славни личности како Стинг и Мадона. И тие останале маѓепсани од уникатната сценографија создадена од термалните извори, пештерите и потоците кои се пробиваат низ карпите. Вулканскиот амбиент на оствровот е дополнет со интересниот екстериер на хотелите, кои најчесто се украсени со фасада од вулкански камења.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Лампедуза

Минијатурната Лампедуза географски всушност припаѓа на Африка поради оддалеченоста од Тунис од само 113 километри. Не е многу населен, па не е изненадување тоа што плажите се недопрени.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Понца

Помеѓу изобилството од стрмни карпести предели на Понца има премногу скриени плажи и заливи како за толку мал остров. Особено спектакуларно доживување е патувањето до плажата Киаја ди Луна, до која се стигнува единствено преку тунел изграден во античкиот период.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Панареа

Ова островче е омилено помеѓу славните и богатите поради неверојатно релаксирачкиот амбиент. Има површина од само 3,5 километри квадратни, населен е од само 200 луѓе кои не користат автомобили, а неколкуте хотели можат да примат многу мал број на туристи. Најголемо уживање на туристите е набљудувањето на ѕвезденото небо, кое овде е магично поради тоа што нема улично осветлување кое ќе им пречи на погледот.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Фавињана

Фавињана е малку познат остров со форма на пеперутка кој што и покрај убавите плажи не е многу популарен. Оние кои сепак знаат за него, го опишуваат како одлично мирно место, погодно за релаксација.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Ла Мадалена

Со белите песочни плажи и кристално чистите води овој мал остров во близина на Сардинија воопшто не се разликува од беспрекорната природна убавина на својот популарен сосед, туку само по тоа што го посетуваат помалку туристи.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале

Сан Домино

Оние малкумина кои слушнале за ова скриено парче рај во Јадранското Море веројатно се нуркачи кои уживале во подводниот свет околу островот. Освен тоа, тука може да се видат и прекрасни борови шуми кои се протегаат сè до брегот на сините води карактеристични за Јадранот.8 прекрасни италијански островчиња за кои можеби не сте слушнале


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар