8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобили
Луѓето возат автомобили повеќе од 100 години и тие се сметаат за главно превозно средство. Но за жал, тоа не е најудобниот начин на движење. На пример, во Лондон многу побрзо ќе стигнете на посакуваната дестинација ако одите со велосипед отколку со автомобил. Секоја земја има градови во кои сообраќајниот метеж е апсолутно неверојатен. Оттука многу градови почнале да создаваат пешачки зони каде што е целосно забранет автомобилскиот сообраќај. Можеби би можеле да научиме нешто од нив.
1. Копенхаген, Данска
Копенхаген е градот со најмалку автомобили во Европа. Во 60-те години од минатиот век градските власти почнале да ги шират пешачките зони и да ги стеснува булеварите во центарот на градот. Денес Копенхаген има преку 320 километри велосипедски патеки. Исто така во план е да се изградат нови велосипедски супер патишта кои ќе водат до предградијата.
2. Хамбург, Германија
Иако автомобилите не се строго забранети во центарот, градското собрание дава сѐ од себе граѓаните да можат слободно да пешачат и наоколу да се движат со велосипеди или јавен превоз. Во следните 20 години е планирано во Хамбург да се изградат многу нови паркови, велосипедски патеки и пешачки зони. Оваа „зелена мрежа“ треба да покрива повеќе од 40% од градот.
3. Мадрид, Шпанија
Повеќето од улиците во центарот на Мадрид се пешачки зони и секој кој ќе влезе таму со автомобил мора да плати казна од 100 долари. Единствен исклучок се прави за луѓето кои живеат во тие области. Исто така, оние кои поседуваат автомобили со најголема емисија на штетни гасови плаќаат поскап паркинг. Градското собрание има во план центарот на градот во целост да го забрани за сообраќај и улиците да ги пренамени во пешачки зони во следните 5 години.
4. Париз, Франција
Поради значителното зголемување на загадувањето пред две години, градската управа на Париз воведе сообраќајна рестрикција на возење по принципот пар-непар во однос на регистарските таблички. Оваа мерка била успешна и загадувањето се намалило за 30%. До 2020 година, градското собрание има во план да го зголеми бројот на велосипедски патеки, а во центарот на градот се очекува да имаат пристап само возилата на електричен погон. Денес во Париз има неколку пешачки зони, и жителите од околните области немаат дозвола да се движат таму со автомобил за време на викендите.
5. Хелсинки, Финска
Во следниве 10 години значително ќе се зголеми популацијата во Финска, но спротивно на тоа, бројот на возила ќе се намалува. Со новиот проект, автомобилскиот сообраќај ќе биде дозволен само во предградијата, а до центарот ќе се стигнува само со јавен превоз. Многу мобилни апликации беа развиени со цел жителите на Хелсинки полесно да ги најдат местата каде што можат да изнајмуваат велосипеди. Оттука потребата од автомобили во Хелсинки е сè помала.
6. Ченгду, Кина
Улиците на ова кинеско предградие се така дизајнирани, што можете пеш да стигнете до која било локација за 15 минути. Само половина од улиците се отворени за автомобилски сообраќај, додека останатата половина е распределена за велосипедски патеки и пешачки зони.
7. Богота, Колумбија
Пешачките зони и велосипедските патеки во Богота биле направени во 50-те години од минатиот век. Денес во Богота има повеќе од 300 километри велосипедски патеки. Повеќето од улиците во центарот на градот се пешачки зони, а до таму се стигнува само со јавен превоз.
8. Милано, Италија
Градската власт во Милано им дава бесплатни ваучери за јавен превоз на луѓето кои намерно ги оставаат своите автомобили дома. Сите автомобили се регистрирани во специјален систем и кога тие остануваат паркирани на местото на живеење, сопственикот на картичката добива пари за билет во јавниот превоз.