8 невести признаваат зошто се чувствувале несреќно на денот на нивната свадба

8 невести признаваат зошто се чувствувале несреќно на денот на нивната свадба

Секој вели дека денот на свадбата треба да биде вашиот најсреќен ден во животот, но, во реалноста тоа не е баш така. Најчесто ова може да биде еден од најстресните и најбрзите настани во вашиот живот. Во еден момент се фотографирате со вашите најблиски, потоа ја сечете тортата, и пред да сфатите, веќе се поздравувате со сите гости, а целата организација ве чини еден куп пари. Сепак, не можете да направите ништо за да бидете сигурни дека овој ден ќе помине во најдобар ред, бидејќи и покрај сите ваши напори, работите може да тргнат наопаку, па да го паметите овој ден и по некој непосакуван, непредвидлив настан. Дали сте се запрашале што може да ја изнервира невестата? Овие осум жени признаваат зошто се чувствувале мизерно на денот на нивната свадба. Погледнете ги нивните изјави.

8 невести признаваат зошто се чувствувале несреќно на денот на нивната свадба

1. Не сакав да бидам таму

„Еден час пред сѐ да започне сфатив дека не сакам да се омажам за оваа личност. Сфатив дека одредено време сум ги глумела своите чувства и дека ќе се омажам за некој од погрешни причини. Не можев да ја откажам свадбата. Сите гости пристигнаа и беа возбудени. Па, штом го прифатив фактот дека поминувам низ ова, не можев да бидам среќна и да се однесувам како сѐ да е во најдобар ред. Бев несреќна цела ноќ, ги превртував очите и не се чувствував пријатно што сум таму. Луѓето забележаа, но мислам дека не знаеја зошто се однесував така.“ − Мариса Д., 32 години

2. Времето не беше убаво

„Прогнозата не предвидуваше дека ќе врне, па ние сметавме дека ќе биде во ред да ја одржиме свадбата на отворено. На половина од нашата церемонија фати бура и обилен дожд. Тоа што се случуваше изгледаше како ураган. Се обидов да истрчам внатре, но бев целосно накисната. Цела ноќ бев мокра и ми беше ладно. Тоа ми го уништи расположението.“ − Кери Б., 29 години

3. Си ја уништив венчаницата

„Гушкајќи некој кој доаѓаше при приемот на гости, ја истурив чашата со црвено вино на предниот дел од мојот фустан. Прилично непријатно. Остатокот од вечерта не сакав да се фотографирам. Посакував да имам друг фустан за да се пресоблечам, затоа што беше ужасно цела ноќ да ја поминам во валкан фустан.“ − Лариса Н., 31 година

4. Се карав со сопругот

„Требаше да се случуваат уште многу работи и имаше милиони луѓе кои ми поставуваа прашања. Почнав да се карам со мојот сопруг бидејќи чувствував дека тој не ми помага и дека само пиеше со своите пријатели цел ден и цела ноќ на денот на нашата свадба. Викавме еден на друг, па една од моите деверуши мораше да нѐ смирува.“ − Кристал Б., 28 години

8 невести признаваат зошто се чувствувале несреќно на денот на нивната свадба

5. Нашиот диџеј не се појави

„Нашиот диџеј не се појави, па моравме да го приклучиме телефонот и да пуштиме музика. Сѐ уште беше забавно, но не толку колку што би било кога би имало диџеј. Откако дознав дека диџејот нема да дојде и не одговара на неговиот телефон, до крајот на вечерта не можев да го оттргнам моето лошо расположение.“ − Бет В., 26 години

6. Моето семејство беше катастрофа

„Половина од членовите на моето семејство беа толку пијани и насилни пред церемонијата, што викаа смешни работи и се смееја кога ние ги кажувавме нашите завети. Тоа беше толку одвратно и грубо. Веднаш потоа се извинија, но чувствував како тоа да ми го уништи денот и направи да се чувствувам засрамено пред останатите гости и пријатели кои никогаш до тогаш немаа го запознаено моето семејство.“ − Хедер Б., 29 години

7. Не јадев ништо

„Ќе го сумирам моето расположение на денот: Гладна. Заборавав да јадам, па според тоа и не ми беше пријатно да бидам таму.“ − Емили К., 29 години

8. Снема струја

„Местото каде што се одржуваше свадбата снема струја и тоа траеше еден час. Немаше светла, диџеј и ништо што да се прави. Беше многу фрустрирачко. Луѓето едноставно седеа на масите и јадеа. Трчав наоколу обидувајќи се да видам како може да ја поправиме ситуацијата и палев свеќи за да ги ставам наоколу во просторијата. Кога конечно дојде, многу од нашите гости веќе си беа заминале дома.“ − Аби Д., 31 година


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар