8 неверојатни острови во Европа за кои повеќето туристи не знаат
Фиренца и Париз се убави, но Европа крие и многу други прекрасни дестинации. Ако барате романтично патување кое не вклучува милиони туристи, имајте ги на ум следниве острови.
1. Понца, Италија
Посетете го неверојатниот вулкански остров во Тиренското Море. Иако има многу јахти на пристаништето, ова место секогаш е опуштено и мирно. Тиркизната вода и прекрасните храна и вино ќе направат да се чувствувате неверојатно.
2. Бел-Ил-ен-Мер, Франција
Самото име „Убав остров во морето“ кажува доволно. Ова место е познато по своите недопрени плажи, куќите со пастелни бои и неверојатната морска храна. Овде има премногу активности, од сурфање до пловење со брод, а можете и само да уживате во неверојатниот пејзаж.
3. Гринда, Шведска
Ниту едно патување до скандинавскиот главен град не е целосно без крстарење околу архипелагот на Стокхолм. Иако овде има илјадници острови кои можете да ги видите, Гринда е најдостапен. На островот се забранети автомобилите, но има многу песочни плажи, патеки за пешачење и вистински рустикален шарм.
4. Хидра, Грција
Автомобилите и моторите се забранети на овој остров, па багажот ќе го пренесувате со магариња. Овде ќе најдете прекрасни плажи со камчиња, калдрми, бели куќи и голем број кафетерии и барови.
5. Тексел, Холандија
Овој остров изобилува со велосипедски патеки кои ќе ве однесат низ прекрасните села, разнобојните полиња со лалиња, националниот парк и неверојатен светилник. Можете да ги посетите и многуте музеи, како и единствената пивара на островот.
6. Стромболи, Италија
Ова неверојатно место се наоѓа северно од Сицилија, но имајте на ум дека тукашниот вулкан е активен. Можете да го поминете денот релаксирајќи се на плажите со црн песок, да уживате во природата и во природните „огномети“ од вулканот.
7. Колонсеј, Шкотска
Ако барате мир и тишина, ова е местото за вас. Островот е мал и до него можете да стигнете пеш или со велосипед. Можете да ги истражите прекрасните ридови, да уживате во прекрасната флора и да ги гледате козите и фоките.
8. Азорски Острови, Португалија
Навистина е тешко да изберете омилен остров од оваа група. Можеби најдобриот е Сао Мигуел. Бидејќи е навистина далечен, овде има малку туристи. Геотермалните базени, ѕвездите и неверојатните пејзажи ќе бидат само за вас. Не заборавајте да ги гледате и китовите и делфините.
Погледнете ги и овие предлози за патување со најдобрата пријателка.