8 неверојатни факти за Естонија коишто докажуваат дека таа е понапредна од многу други држави
Естонија е држава којашто се протега на Балтичко Море, со население од само 1.3 милиони жители. И покрај малата популација, таа е позната по тоа што е една од најиновативните во светот. Така на пример, за да учествувате на гласање во Естонија, доволно е само да пристапите на Интернет и да ја употребите вашата електронска лична карта. Продолжете да читате за да дознаете зошто Естонија е државата на иднината.
1. Програмирање во училиште
Во 2012 година, Естонија започна пилот проект во којшто децата учат компјутерско програмирање од прво до дванаесетто одделение. Дваесет училишта учествуваат во овој проект. Уште од 6-годишна возраст, децата почнуваат да учат математика и логика, со цел да го применат нивното знаење во визуелното програмско опкружување „Scratch“.
2. Електронски пасоши
Уште од 2002 година, Естонија започна да издава електронски лични карти. Тие изгледаат како регуларните лични карти, а го верифицираат идентитетот на личноста и во реален живот и во дигиталната околина. Чипот којшто е вграден во нив содржи информации за граѓанинот, како и електронски потпис којшто е подеднакво легален, како и рачниот. На самата лична карта можат да се прикачат разни документи, па така Естонците можат да ја користат како пасош, кога патуваат во земјите членки на ЕУ.
3. Гласање на избори, без да се напушти домот
Уште од 2005 година кога во Естонија се одржувале локалните избори, граѓаните имале можност да гласаат за еден или друг кандидат преку Интернет, а својот идентитет го верификувале преку нивниот електронски потпис од личните карти. Воедно, Естонија е првата држава во светот којашто примени електронски систем на гласање за парламентарните избори, во 2007 година. На изборите за Европскиот Парламент, 31% од Естонците гласале преку овој систем.
4. Бесплатен јавен превоз
Во 2013 година, Талин, главниот и најголем град на Естонија е првиот во светот во кој јавниот превоз стана бесплатен за сите. Едноставно, власта дошла до решение со коешто граѓаните ќе престанат толку често да ги возат нивните автомобили и ќе почнат повеќе да ги користат автобусите и тролејбусите. Пред да се елиминира наплатата во јавниот превоз, бил одржан референдум на кој 3/4 од градското население, гласало позитивно за спроведување бесплатен јавен превоз. Само една година подоцна, власта на Талин изјави дека како резултат на оваа програма, сообраќајот на главните улици низ градот, е значително намален.
5. Држава на стартапи
Според последните информации, Естонија е на трето место во Европа по најголем број стартапи по жител. Во оваа мала држава, има дури 31 стартап на секои 100.000 жители. Тоа е така бидејќи Естонија има овозможено многу поволни услови за новоформираните претпријатија. Регистрирањето нов бизнис трае неверојатни 15 минути и во оваа држава не постои данок на добивка.
6. Интернетот е достапен секаде
Можете ли да си замислите да се конектирате на Интернет, додека сте длабоко навлезени во шума? Епа и ова е возможно во Естонија. Тука можете бесплатно да се конектирате на безжичен Интернет во повеќето хотели, паркови, сокачиња, кафулиња, ресторани, железнички станици, аеродроми, па дури и на плажите.
7. Секој може да стане државјанин на Естонија
Интересно е што секој може да стане е-жител на Естонија, без многу напор. Ова им овозможува на странците да отворат свој бизнис таму без да ја посетуваат државата, да ја менаџираат својата компанија додека се на пат, да потпишуваат документи и да ги пријавуваат даноците. Сѐ што треба да направите, е да аплицирате онлајн. Ова е многу поволно за бизнисмените, бидејќи тие треба да плаќаат даноци само на капиталот којшто е изнесен надвор од државата.
Бизнисмените коишто живеат надвор од ЕУ, исто така имаат одлични можности за започнување нов бизнис во Естонија, бидејќи лесно ќе им се отворат патишта кон државите од Европската унија. Доколку сакате да станете е-жител на Естонија, можете да аплицирате на овој линк.
8. Многу време се заштедува благодарение на технологијата
Во Естонија, дури 4.000 видови сервиси се достапни електронски, без разлика дали сакате да пријавите данок или да поднесете барање за дефорестација. За само 20 минути, секој Естонец со лична карта може да отвори нова компанија и благодарение на овој систем луѓето не мора да чекаат на ред, да пополнуваат хартиени формулари, да се потпишуваат и да удираат печати. Наместо на административни работи, жителите на оваа држава можат да го поминат нивното слободно време со семејството и со саканите.
Може да ве интересираат и овие интересни факти за животот во Финска, кои ги изненадуваат и најискусните туристи.