8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во овие држави

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во овие држави

Дали знаете дека некои традиции за јадење што ги сметаме за нормални можеби се забранети или знак за непочитување во одредени држави? Овие чудни и необични традиции за јадење можете да ги сретнете додека патувате низ светот.

1. Половина чаша чај е само за пречекување гости во Дубаи и Казахстан

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Во Дубаи и Казахстан шолјите за чај се полнат до половина или помалку за гостите да не помислат дека сакате да си одат. Кога ќе наполните половина шолја му кажувате на гостинот дека сакате да продолжите со пријатниот разговор. Ако ви ја наполнат целата шолја, тоа може да биде суптилен знак дека е време да си одите.

2. Чистиот чајник е чајник без душа во Кина

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Во Кина луѓето не ги мијат чајниците со средство за садови. Ги чистат со вода или посебен песок. Талогот што останува се смета за душата на чајот, па поради ова е забрането да се „убие“ со разните хемикалии.

3. Во Италија ќе го навредите готвачот ако побарате екстра сирење

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Некои луѓе не можат да си ги замислат тестенините или пицата без екстра сирење. Иако Италијанците го сакаат овој продукт, најдобро е да не барате повеќе сирење со оброкот. На овој начин ќе го навредите готвачот бидејќи му покажувате дека не ви се допаѓа приготвеното јадење и сакате да го промените.

4. Не барајте сол и бибер во Португалија и Египет

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Ако побарате сол или бибер во Египет и Португалија, можете да повредите нечии чувства. На овој начин му сигнализирате на готвачот дека оброкот не е доволно вкусен и дека треба да ја „дозавршите“ неговата работа.

5. Не употребувајте виљушки во Тајланд

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Виљушката е прибор што го користиме секојдневно. Но, употребувањето виљушка во Тајланд се смета за лош манир. Можете да ја турнете храна во лажицата со помош на виљушка, но тоа е сè.

6. Немојте да ја празните чинијата во Кина

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Кога ни се допаѓа некое јадење, обично го јадеме целото за да покажеме колку е вкусно. Но во Кина е неучтиво да изедете сè. Празната чинија покажува дека домаќинот не ставил доволно храна и дека гостите уште се гладни. Па ако сакате да покажете почит кон готвачот или домаќинот, препорачливо е да оставете малку храна во чинијата, без разлика колку е вкусна.

7. Пиење чај во Велика Британија

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Речиси секој знае дека во Велика Британија постои традиција за пиење чај во 17 часот. Но, малкумина знаат како всушност Британците пијат чај. Пред сè, обично додаваат млеко. Исто така тие го сакаат чајот изладен, а не врел. На крај, чајот се меша нежно и без врева во средината на шолјата.

8. Бидете внимателни со стапчињата во Јапонија

8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои држави

Во Јапонија не се препорачува да ги оставите стапчињата вертикално. Според традицијата, луѓето ги поставуваат стапчињата на овој начин за време на погреби. Во ресторан овој гест може да го навреди сопственикот. Исто така немојте да подавате храна со стапчињата. На погребите тие се користат за преместување на коските за време на кремирањето.

Погледнете и за кои видови храна се верувало дека се волшебни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар