8 навидум безначајни работи според кои луѓето ве проценуваат

8 навидум безначајни работи според кои луѓето ве проценуваат

Сосема е неизбежно секој од нас да формира одредено мислење за луѓето во негова близина, оние кои не ги познава или допрва ќе ги запознае, случајни минувачи и луѓе со кои разменил неколку збора. Но она кое малку од нас го забележуваат е дека мислењето кое го формираме најчесто се базира на работи за кои не сме ни свесни дека влијаат на нас. Истовремено, останатите луѓе формираат мислење за нас базирано на овие неколку навидум безначајни нешта.

(1)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mk

1. Ракувањето

Начинот на кој се ракувате со луѓето може да открие дел од вашата личност. Додека силниот стисок одразува силна и самоуверена личност, слабото ракување е одраз на личност која нема самодоверба, која е срамежлива и која веројатно би го одбрала полесниот пат во животот. Постојат многу истражувања кои укажуваат на ова, меѓу кои се истакнува едно според кое силното ракување е одлика на екстровертите, луѓе кои не се плашат да се изразат емоционално и физички.

2. Доцнењето

Доцнењето е една од најлошите карактеристики на луѓето. Чекањето од друга страна, е една од најиритирачките ситуации во кои некој може да се најде. Токму затоа, доколку доцните, огромна е веројатноста дека оние кои ве чекаат веќе формирале негативно мислење за вас. Зошто? Бидејќи доцнењето за вас кажува дека сте личност која сака да ги одложува работите, најверојатно завршувајќи сѐ во последен момент. Од друга страна, доаѓањето навреме укажува на тоа дека го цените и своето, а и туѓото време, дека сте мотивирани и добро организирани личности.

(2)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mk

3. Односот кон луѓе кои работат во ресторани и кафулиња

Односот кон луѓе кои се наоѓаат во позиција да ве услужат кажува многу повеќе за вас отколку што мислите. Многу луѓе на моќни позиции кажуваат дека никогаш не би можеле да имаат интимен и/или професионален однос со некој кој не се однесува убаво со келнери, чистачки и сл. Рон Шеик, главен извршен директор на „Panera Bread“, изјавил дека му се случило да одбие да вработи жена која била културна со него, но безобразна со жената која ги бришела масите покрај нив.

4. Каде гледате кога пиете од чаша

Верувале или не, луѓето често судат на база на овој момент. Така на пример, некои истражувања покажале дека луѓето кои гледаат во чашата додека пијат од неа се фокусирани, идеализираат, тие се самосвесни и инстроспективни. Наспроти нив, оние кои додека пијат од чашата гледаат некаде настрана, имаат поразвиена свест за околината, потпаѓаат под влијание на други луѓе, екстровертни се, безгрижни, но и луѓе на кои може да им се верува. За разлика и од првите и од вторите, има и такви кои ги држат очите затворени. За нив, истражувањата покажале дека се луѓе кои веројатно чувствуваат некаква болка или едноставно не се чувствуваат удобно во дадената ситуација, па се преокупирани со тоа да се чувствуваат подобро.

(3)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mk

5. Грицкањето нокти

Како една од најлошите навики на луѓето, грицкањето нокти дефинитивно не се оценува како позитивна одлика. Нервоза, перфекционизам, немирен дух – ова се само дел од особините кои ја карактеризираат личноста која гризе нокти. Не само што не делува убаво, туку е и целосно нехигиенски. Затоа не чудете се доколку луѓето веќе имаат некое мислење за вас на база на оваа ваша лоша навика.

6. Ракописот

Постојат повеќе истражувања направени на оваа тема кои покажале дека ракописот открива многу за личноста која го поседува. Читко или хиероглифски, лесно или со силен притисок, ракописот е и те како одраз на човековата личност. Кети Мекнајт, светски познат графолог, смета дека големите букви во пишувањето се карактеристични за луѓе кои се дружељубиви, додека малите се одраз на интровертна личност. Буквите накосени на десно можат да кажат дека покрај дружељубива, вие сте и чувствителна личност, а оние накосени на лево дека сте интроспективни. Од друга страна, пак, целосно исправените букви откриваат дека сте прагматични.

(4)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mk

7. Проверување на телефонот

Повеќе истражувања, чија цел била да најдат поврзаност помеѓу карактеристиките на личностите и тоа колку често и каде го проверуваат својот телефон, успеале да доловат некои факти кои сигурно ќе ви помогнат да препознаете со каква личност си имате работа. Од разговори на телефон, па до проверување на нотификациите на Фејсбук, од чекање во ред и сѐ до излегување со пријателите, проверувањето на телефонот најчесто се поврзува со емоционалната состојба на човекот. Имено, едно истражување покажало дека постојаното проверување на мејловите или Фејсбук укажува на тоа дека личноста е емоционално нестабилна, па постоењето нови нотификации би го подобриле нејзиното расположение.

8. Гледање во очи

Психологот Адријан Фурнам, доктор по науки, го искажува своето мислење на оваа тема во едно списание за психологија, велејќи дека основната поделба на луѓето во оваа смисла е меѓу екстроверти и интроверти. Така, екстроверите се луѓе кои почесто и подолго гледаат во очите на оној со кој зборуваат, додека инровертите брзо би го тргнале погледот. Во глобала, оние кои гледаат во очи додека зборуваат или слушаат некого се луѓе со поголема самодоверба и се социјално доминанти, додека наспроти нив се оние кои покажуваат послаба самоконтрола, немање волја и неудобност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар