8 мистериозни исчезнувања на познати луѓе од кои ќе ве полазат морници
Според една тажна статистика, изминативе 20 години исчезнале над 4,5 милиони луѓе. Помеѓу нив има и познати, иако можеби не се секогаш во центарот на вниманието. Исчезнувањето на овие познати луѓе ги тера другите да смислуваат разни идеи и теории со кои би објасниле што навистина се случило. На оваа листа ќе најдете некои од најчудните случаи од овој вид.
1. Мајкл Рокфелер
Синот на познатиот милионер Нелсон Рокфелер бил етнограф и антрополог. Како дете, Мајкл сакал историја и антропологија. Подоцна одлучил да стане научник и се запишал на Харвард. На крајот на студирањето, младиот специјалист сакал да оди на научна експедиција до Океанија за да ги проучува животите на локалните луѓе. Неговиот татко го поддржал и му го платил патувањето.
Во есента, 1961-ва година, Мајкл отишол на експедиција во Нова Гвинеја. Сакал да посети и локално племе кое било познато по тоа што јаде луѓе. На патот кон островот на племето, се појавиле дефекти со бродот и сите од тимот решиле да се вратат, освен Мајкл. Тој одлучил да плива до дестинацијата, и оттогаш не е виден. Некои сметаат дека е речиси невозможно да се удавил или да бил изеден од крокодили, па најверојатно бил убиен и изеден од племето.
2. Амелија Ерхарт
Амелија е првата жена пилот што го прелетала Атлантскиот океан. Во 1937-ма година, Амелија решила да направи тура околу светот со навигаторот Фред Нунан. Им останале уште 11.000 километри летање до конечната дестинација. Но, по некое време авионот исчезнал. Според експертите, временските услови биле многу лоши, немале гориво и радиото не работело како што треба. Потрагата по авионот траела над 2 недели, но немало никаков резултат. Постојат многу луди теории за ова исчезнување – некои сметаат дека таа дури била киднапирана од Јапонци.
3. Антоан де Сент Егзипери
Познатиот писател и пилот од Франција, на 31-ви јули 1944-та година управувал со француски авион. Пилотот требало да направи воздушни фотографии во близина на Алпите, но авионот никогаш не се вратил на аеродромот.
Со децении постојат многу теории за судбината на познатиот автор. На 7-ми септември 1998-ма година, капетанот на бродот „Хоризонт“ нашол ракавица на дното на Средоземното Море со името на авторот и името на неговата жена. Во 2000-та година, еден нуркач изјавил дека видел авион на местото каде што е најдена ракавицата.
4. Ричи Едвардс
Ричи бил англиски музичар и гитарист на алтернативниот рок бенд Manic Street Preachers што бил познат во 90-тите. Ричи, како и многу ѕвезди, страдал од депресија и анорексија. На 1-ви февруари 1995-та, бендот требало да лета до САД за турнеја, но Ричи не се појавил за летот. Во 7 часот наутро музичарот ја напуштил собата, но не стигнал до аеродромот. Музичарите почнале да го бараат, но залудно.
Ова е навистина чуден случај бидејќи Ричи бил виден неколку пати на чудни места – на паркинг за такси во Њупорт и на станица во Северн Вју. Потрагата траела 10 години и на 23-ти ноември, 2009-та година, Ричи бил прогласен за мртов.
Продолжува на следната страница…