8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во Италија
Дали постои некој во ваша близина кој не обожува италијанска храна? Не. Така и си мислевме! Не постои човек кој не обожува пица. Италија овозможува безброј гастрономски опции, па затоа издвоивме неколку јадења кои морате да ги пробате доколку некогаш се најдете во оваа земја.
Секако, пицата се подразбира како број 1 јадење што мора да го пробате во Италија, па затоа ја изоставивме и се фокусиравме на некои други видови јадења кои не можете да ги замислите, а се многу вкусни!
1. Bigoli
Мислите дека шпагетите се вкусни? Тогаш не сте пробале биголи, вид шпагети кои се специјалитет во Венеција, а се малку подебели од обичните шпагети и најчесто се приготвуваат во мешавина со патка.
2. Ribollita
Сите ја обожуваат оваа „зимска“ супа која потекнува од Тоскана. За да го подготвите ова традиционално јадење потребна ви е комбинација од зеленчук (кељ и домат), грав и стар леб. По желба можете да додадете месо или риба, но доколку сакате да се придржувате до оригиналниот рецепт, тогаш изоставете ги месото и рибата. Ова јадење е одлично за да си ја вратите силата по долгата прошетка и разгледувањето на градот.
3. Risi e bisi
Ова јадење е направено од ориз и грашок, и не е софистициран оброк, но е многу вкусен. Состојките се зготвени во супа од зеленчук, а резултатот е убаво балансирано и лесно јадење, кое е омилено помеѓу вегетаријанците.
4. Tortellini en Brodo
За многу од семејствата во северна Италија, тортељините ен бродо се задолжително јадење за секоја пригода. Се послужуваат во крем сос и ситно рендан пармезан.
5. Canederli
За да го приготвите ова јадење, потребен ви е стар леб, јајца, млеко и месо. Овие зачинети топчиња се преливаат во бистра супа, а се слични со нашите ќофтиња, само со помалку месо.
6. Ossobuco alla milanese
Доколку морате да пробате јадење со месо во Италија, тогаш тоа нека биде особучо. Превкусно телешко месо зготвено во вино.
7. Cacciucco
Не сте личност која обожува риба? Ова јадење ќе го промени вашето мислење. Зачинетата морска храна се поврзува со местото Ливорно, а школките, ракчињата и октоподот во сос од домати е нешто на што нема да можете да одолеете.
8. Focaccia di recco
Овој едноставен рецепт кој се нарекува фокача, е ароматична погача која одлично оди со маслиново масло и сирење.
Погледнете ја и одличната храна која треба да ја пробате во Грција.