8 интересни работи кои сигурно сте ги правеле со вашата сестра во средношколските денови

8 интересни работи кои сигурно сте ги правеле со вашата сестра во средношколските денови

Ако разликата во годините е мала помеѓу вас и вашата сестра и сте оделе заедно во средно училиште, сигурно веќе знаете дека тоа бил важен период од вашиот живот. Дури и кога ќе се потсетите на тие денови и помислувате „Што сум правела? Кој ме натерал да излезам со таа фризура?!“, сте ја имале вашата сестра за заедно да донесувате лоши одлуки. Погледнете ги овие интересни работи кои сигурно сте ги правеле со сестра ви.

1. Нејзиниот гардеробер бил и ваш гардеробер

(1)8-interesni-raboti-koi-sigurno-ste-gi-pravele-so-vashata-sestra-vo-srednoshkolskite-denovi-kafepauza.mk

Дури и ако сте имале целосна забрана за влегување во нејзината соба, сигурно барем еднаш сте се прикрале за да позајмите некое нејзино парче облека. Сигурно сте си ветиле дека ќе го вратите пред таа да забележи, но понекогаш и најдобрите крадци се фатени на дело. Па, веројатно сте ја искористиле фразата „Мама по грешка го има ставено кај мене.“

2. Сте биле тврдина од тајни

(2)8-interesni-raboti-koi-sigurno-ste-gi-pravele-so-vashata-sestra-vo-srednoshkolskite-denovi-kafepauza.mk

Можеби и до денес чувате некоја средношколска тајна. Дури и ако не е некоја важна, самата мистериозност е забавна. Сте чувале тајни за момчиња и останување до подоцна од дозволеното. Сигурно било забавно да криете работи од родителите.

3. Пријателче за на концерт

(3)8-interesni-raboti-koi-sigurno-ste-gi-pravele-so-vashata-sestra-vo-srednoshkolskite-denovi-kafepauza.mk

Концертите и излегувањата се важен дел од средношколските денови. А кој би бил подобро друштво за овие настани од вашата сестра?

4. Сте си биле водичи за преживување

Two Young Women Talking Outdoor

Помеѓу родителите и средното училиште, вие и вашата сестра сте си биле водичи за преживување. Сте си давале совети како да го прескокнете часот по физичко или пак како да го преболите момчето што ве напуштило. Сте си помагале кога имало проблеми со родителите и сите проблеми биле полесни кога сте ја имале сестра ви покрај вас.

5. Размена на музика

(5)8-interesni-raboti-koi-sigurno-ste-gi-pravele-so-vashata-sestra-vo-srednoshkolskite-denovi-kafepauza.mk

Иако денес речиси и да не се употребуваат, пред неколку години сигурно сте разменувале цедиња со музика или пак сте правеле ваши оригинални музички листи.

6. Заедничко бегање од часови

(6)8-interesni-raboti-koi-sigurno-ste-gi-pravele-so-vashata-sestra-vo-srednoshkolskite-denovi-kafepauza.mk

Училиштето е премногу стресно, па понекогаш моравте да избегате за да не полудите. Сами сте си го ослободувале денот за прошетка, гледање телевизија или пак само да се наспиете. И се разбира, сте го криеле тоа од родителите.

7. Танцување на омилените песни

Ecstatic

Навистина, со вашата сестра можете да танцувате како никој да не ве гледа. Можеби сте имале и ваши кореографии од кои денес ви е срам.

8. Возење од и до училиштето

(8)8-interesni-raboti-koi-sigurno-ste-gi-pravele-so-vashata-sestra-vo-srednoshkolskite-denovi-kafepauza.mk

Ако едната од вас ја добила возачката дозвола во средно, сигурно едвај сте чекале да ви го дадат автомобилот. Заедничките возења биле вистинско време за поврзување. Тие биле посебни моменти кога сте можеле да разговарате или пак, да ја слушате омилената музика.

Доколку имате сестра, погледнете кои работи треба да ги направите со неа пред да наполните 30 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар