8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

Чувствувате потреба некој да ви подаде рака во животот? Да ви помогне? Престанете да се надевате на тоа и немојте да се борите против вашата вродена природа. Наместо тоа, прифатете се себеси со сите свои мани и доблести и искористете ги вашите сили во ваша полза и во согласност со светот околу вас. Проверете ги следниве 8 интересни психолошки факти, за подобро да сфатите зашто некои работи ги правите на еден или друг начин и како можете да ги подобрите.

8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

1. Мултитаскингот не постои

Терминот мултитаскинг беше многу популарен изминативе години, за да означи личност која прави повеќе од една задача или активност во исто време. Проблемот е што мислите дека успевате некако магично да правите сè одеднаш, но тоа е далеку од вистината. Напротив, ги правите сите активности толку неефикасно, што секогаш е подобра варијанта да се фокусирате на само една задача или активност во даден момент.

Еве зошто е тоа така. Ако сте се дефокусирале поради новопристигнатата имејл порака во вашето сандаче, можат да ви бидат потребни околу 15 минути за повторно да се ориентирате и да сфатите што сте правеле пред тоа. Ова значи дека секојпат кога губите фокус на конкретната задача, се трупа изгубеното време во реориентација, што значително ја намалува вашата ефикасност на работа и дома.

8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

2. Немојте да ги споделувате вашите планови ако сакате да успеете

Доколку сте тип на личност којашто сака да ги споделува своите планови и цели на сите пријатели и по социјалните мрежи, размислете повторно бидејќи на овој начин можеби си ја уништувате среќата. Луѓето коишто го прават ова често, а реализацијата не им испаднала според плановите, сметаат дека светот направил некаков заговор против нив. Но, тоа е далеку од вистина – вистината е дека самите се доведувате себеси до таквата ситуација.

Според експертите, со прераното споделување на новостите, вие си создавате „предвремено чувство на завршеност“. Ова е убиец на мотивацијата, бидејќи вие може да се чувствувате како веќе да сте успеале само затоа што сте ја објавиле вашата цел. Затоа нареден пат, кога ќе имате одличен план за зголемување на продуктивноста во вашиот оддел, веројатно е подобро тоа да си го задржите за себеси.

3. Музиката ја обликува вашата перцепција кон светот

Доколку ние сме она што го јадеме, тогаш музиката дефинитивно е филтер низ кој го гледаме надворешниот свет. Дали ова значи дека негативната музика прави да го перципираме светот негативно? Не баш. Истражувачите откриле дека постои корелација помеѓу нашето расположение и перцепцијата. Користејќи ја музиката како манипулант за расположение, тие откриле дека меморијата кај луѓето и нивната реакција кон светот околу нив, зависи од тоа како тие внатрешно се чувствуваат, а не до музиката којашто ја слушаат. Меѓутоа, доколку сакате јасно да го гледате светот околу себе, одберете да ја слушате онаа музика којашто ве прави среќни, без разлика дали станува збор за хеви метал или џез.

4. Уморниот ум, е креативен ум

Имате краен рок за проект којшто се базира на вашата креативност? Тогаш, добра идеја е да се обидете да работите на него веднаш штом се разбудите или пред да одите на спиење. Едно истражување сугерира дека размислувањето „надвор од кутијата“ и работењето на креативни задачи е најефикасно, кога вашето тело е малку уморно. За некои луѓе тоа се однесува на вечерите пред спиење, но секое тело е различно. Затоа, експериментирајте со времето, па можеби ќе откриете дека раните утра подобро ќе функционираат за вас, но во секој случај вреди да се проба.

8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

5. Сарказмот е знак на интелигенција и креативност

Доколку уживате да им давате на другите луѓе по некој саркастичен коментар, можеби вие сте попаметни и покреативни во однос на оние кои не ја ценат оваа карактеристика, а истражувањата го докажуваат тоа. Тие откриле дека сарказмот може да ја зголеми креативноста и на искажувачот и на примачот на овој вид изразување. Благодарение на оваа ментална гимнастика, во која сарказмот подразбира креирање, но и декодирање на пораката, воедно дава знак и за повисоки нивоа на размислување. И покрај тоа што Оскар Вајлд за сарказмот има изјавено дека го смета за „најниска форма на духовитост“, вие можете да останете спокојни, бидејќи тој може да ја инспирира вашата највисока форма на креативност.

6. Пигмалионскиот ефект или самоисполнувачкото пророштво

Двете нешта ја означуваат истата работа: вашите постапки кон другите луѓе, влијаат врз нивното мислење за вас. Ова од друга страна, влијае на начинот на кој другите луѓе се однесуваат кон вас. Нивните постапки го зајакнуваат вашето лично мислење за себеси, што потоа влијае на начинот на којшто вие се однесувате кон другите. Ова можеби ви звучи како заплеткан круг, а тоа е така бидејќи ова навистина е заплеткан психолошки круг на влијанија и потврди за однесувањето. Доколку сакате да го промените овој круг на влијанија, тогаш треба да ги промените вашите постапки. Тие кажуваат сè во врска со вас, а воедно може да донесат позитивна промена и во начинот на којшто се гледате себеси.

7. Одложено задоволство = успех во животот

Познатиот „Манчмелоу тест“, којшто во изминативе четири декади се користеше како класичен експеримент за мерење на самоконтролата кај децата, открива дали детето ќе посегне по моментално задоволување во форма на едно манчмелоу или ќе ја искористи приликата да се воздржи и да добие уште едно. Се прашувате каква врска има овој тест со вас? Па има многу врска и ова е лоша вест за денешните општества коишто се фокусирани на инстант задоволства. Ова е лекција за самоконтрола наспроти инстант задоволства.

8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

Експертите сугерираат дека одложувањето на задоволството, може да придонесе во иднина да бидете поспособни да искажете поголема волја и самоконтрола во постигнувањето на вашите долгорочни цели. Вистината е дека, вашата иднина не зависи исклучиво од тоа дали вие ќе паднете на мамката за јадење благо или не. Новите истражувања откриваат дека вашите одлуки за земање или одбивање на манчмелуото, се обликуваат и од околината во којашто живеете. Заклучокот од сето ова е дека вашата лична волја да успеете и да ја надминете секоја пречка, е најдобриот показател за вашиот успех или неуспех во животот. Но, чисто да бидете сигурни дека ќе биде така, не го јадете тоа десертче. 🙂

8. Парите можат да ја купат среќата, и доволни ви се 75.000 долари

Вистина е, парите можат да ни ја купат среќата, но и тие пари имаат лимит. Доколку достигнете заработка од 75.000 долари годишно во САД, сите понатамошни евентуални финансиски успеси, нема да ве направат посреќни. Па, сигурно сега се прашувате, кој треба да биде вашиот следен чекор доколку веќе сте го достигнале овој лимит? Дали сега треба да се откажете од вашиот копнеж за повеќе финансии и среќа?

Одговорот е не, вашето следно мерење ќе биде против вашите соседи. Откако ќе го постигнете идеалното ниво на приход за задоволителна евалуација на вашиот живот и емоционална благосостојба, голема е веројатноста дека вие ќе почнете да колекционирате материјални предмети и да се споредувате со другите луѓе. За да биде иронијата уште поголема, ова може да ја намали вашата целокупна добросостојба и задоволство во животот. Ова значи дека да, парите можат да сменат сè, но после одредена точка не значи дека ги менуваат нештата кон подобро.

Прочитајте ги и овие 10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар