8 интересни факти за флертот
Флертот е уметност. Ако не верувате, продолжете со читање.
1. Има повеќе видови флерт
Поточно 5: традиционален, физички, искрен, игрив и љубезен. 25% од флертувањето спаѓа во забава, а 30% е наменето за пронаоѓање партнер.
2. Контакт со очи
Научниците тврдат дека доволни се 2 минути кокетирање со очи за помеѓу две личности да се случи страсна хемија. Иако изгледа како премалку време, факт е дека контактот со очи е многу важен и има голема улога во освојувањето.
3. Говор
Жените кои зборуваат јасно и брзо се заинтересирани. Невнимателниот избор на зборови е карактеристика на оние кои не се многу заинтересирани.
4. Моќта на црвената
Научно е докажано дека црвениот кармин или фустан и тоа како помага во добивањето внимание, но и остава впечаток на поголема сексуална слобода.
5. Допирите се задолжителни
Постојат 3 вида допири: пријателски (рамења), нешто повеќе од пријателски (пределот околу струкот или подлактицата), како и нуклеарни (го вклучува лицето). Научниците го препорачуваат последниот кој гарантира најголем успех.
6. Глума
Глумењето тешко освоива личност навистина „пали“. На луѓето им е најинтересно она што не можат веднаш да го добијат.
7. Годините не се важни
Ако ги прашате мажите, 83% откриваат дека годините кај жената навистина не им играат никаква улога.
8. Директност
Машките исто така сакаат жени кои се директни и порачуваат дека нема ништо посекси од она кога жена знае што сака. Слатките и лигави фрази ретко проминуваат и кај двата пола.