8 грешки во секојдневниот свет што сигурно ги немате забележано

8 грешки во секојдневниот свет што сигурно ги немате забележано

Секој може да направи некоја грешка, а грешката па ќе ни помогне побрзо да научиме нешто. Погледнете 8 од најпознатите грешки кои сигурно не сте ги забележале.

1. Правоаголни прозорци

(1)8-greshki-kaj-nekoi-poznati-raboti-koi-gi-nemate-zabelezhano-kafepauza.mk

Првите авиони имале правоаголни прозорци. Токму ова била причината за една несреќа која одзела 56 животи. Проблемот е што ќошињата на прозорците се под голем притисок, кој станува уште поголем за време на летот. Истиот ефект може да се забележи и кај стари згради кои имаат пукнатини кај ќошињата на прозорците. Веднаш по несреќата грешката била поправена, и од тогаш авионите имаат прозорци со заоблени рабови.

2. Концертната сала на Дизни

(2)8-greshki-kaj-nekoi-poznati-raboti-koi-gi-nemate-zabelezhano-kafepauza.mk

Оваа структура е изградена од свиткани метални рамки кои ефикасно ја штителе салата од топлина, но ги „пржеле“ околните згради. Сонцето се рефлектира од металот и ги топи градбите околу него, а асфалтот го загрева до 60 степени. Проблемот бил решен со додавање заштитен слој на металните рамки.

3. Споменикот на Лудиот Коњ

(3)8-greshki-kaj-nekoi-poznati-raboti-koi-gi-nemate-zabelezhano-kafepauza.mk

Ова е најголемиот споменик кој е изрежан во карпа и се наоѓа во Јужна Дакота. Легендата вели дека еден Индијанец кој бил наречен Луд Коњ бил прашан од освојувачите која земја е негова. Индијанецот тажно покажал кон хоризонтот и рекол: „Мојата земја е каде што се закопани моите предци.“ Многу години подоцна, државата одлучила да направи статуа во чест на Индијанецот со прст кој покажува кон хоризонтот. Но, наскоро се открило дека токму тој гест со прстот, во индијанската култура значи „Оди по ѓаволите!“

4. Носачи на летала

(4)8-greshki-kaj-nekoi-poznati-raboti-koi-gi-nemate-zabelezhano-kafepauza.mk

Авионите имале голем проблем со слетување и полетување од носачите. Малиот простор правел авионите да се судираат и да предизвикуваат несреќи. Инженерите го решиле овој проблем со тоа што ја свртиле пистата за 9 степени на страна.

5. Википедија

Во 2007 година биле пронајдени неколку грешки во структурата на енциклопедијата која му овозможува на секој да ги уредува текстовите. Ова резултирало со недоверба кон Википедија. Оваа грешка била коригирана, но наскоро се појавила нова. Логото на сајтот е глобус направен од делови од сложувалка кои имаат букви од разни азбуки. Грешка била во два од овие симболи: Јапонскиот и Хинди симболот немале никакво значење.

6. Бриџвотер Плејс во Лидс

(6)8-greshki-kaj-nekoi-poznati-raboti-koi-gi-nemate-zabelezhano-kafepauza.mk

Речиси веднаш откако била отворена, оваа зграда го добила името „Ветар“. Поради грешка, ветрот околу зградата е толку силен што може да ги турне луѓето на земја. Кога ветерот превртел и неколку автомобили на паркингот, сообраќајот околу зградата бил сопрен. Во 2008 година зградата била номинирана за најгрдата градба во Европа.

7. Мона Лиза

(7)8-greshki-kaj-nekoi-poznati-raboti-koi-gi-nemate-zabelezhano-kafepauza.mk

Леонардно Да Винчи обожавал загатки и тајни, па тешко е да се одреди дали овде станува збор за случајни или за намерно направени грешки.

  • Самото име на сликата се смета дека е грешка. На Италијански, monna значи моја госпоѓа. Леонардо го напишал овој збор со едно n, mona.
  • Рендгенските анализи покажале дека сликата има 3 слоја. Уметникот веројатно ја пребојувал, а многумина мислат дека всушност заборавил да ѝ нацрта веѓи.
  • Ако погледнете внимателно на десната дланка, ќе забележите чудна испакнатина на зглобот. Некои мислат дека Да Винчи направил анатомска грешка.

8. Белата Куќа

Откако бил испечатен амблемот на Белата Куќа, била забележана една грешка: едниот прозорец изгледал поразлично од реалната куќа. Грешката брзо била поправена, но во процесот настанале нови грешки. Сега неколку прозорци се различни а прозорците на вториот кат се поделени на повеќе делови отколку реалните. Овој пат амблемот си останал со грешките, и до денес е таков.

Погледнете ги и 10-те изненадувачки работи кои се кријат во Бакингемската палата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар