8 градови во Италија кои мора да ги посетите
Ах, таа Италија! Земјата каде храната е вкусна, архитектурата инспирира, уметноста остава без здив, а луѓето се совршено елегантни. Постојат многу интересни италијански градови, но погледнете кои се оние осум, кои едноставно мора да се посетат.
1. Милано
Во Милано, модата, уметноста и дизајнот се начин на живеење. Тука се бутиците на Гучи, Прада, Версаче, Армани, Долче и Габана, кои несомнено го прават Милано еден од најдобрите градови за шопинг во цела Европа. Покрај модата, Милано е исто така познат и по оперската куќа, Ла Скала, а и како дом на едно од најпознатите уметнички дела – Последната вечера на Да Винчи. Кога ќе се изморите од шопингот, одморете се во околните кафетерии и ресторани во делот Навиља, познат по богатиот дневен и ноќен живот.
2. Неапол
Неапол е еден од најголемите италијански градови и се смета за најважен во јужниот дел на Италија. Градот е сместен под вулканот Везув. Во средниот век бил град-држава, а сега е најмногу познат по производството на пица и развојот на архитектурата. Тој е прекрасна мешавина од симпатични споредни патчиња, масивни зданија, мали пицерии и фини ресторани. Сообраќајот во Неапол, повеќе наликува на град во Југоисточна Азија, но и тоа е дел од неговиот шарм. Иако нема плажа, возењето по брегот Амалфи, особено ноќе, е една од најубавите глетки во светот.
3. Болоња
Болоња е еден од необичните, средновековни италијански градови и дом на најстариот универзитет во светот. Овде ќе најдете високи кули, импозантни зданија и отворени плоштади. Поради големиот број студенти, во Болоња владее вистински младешки дух. Ова е култен град, кога станува збор за храната. Добро познатиот Болоњезе сос е неизбежен дел од сите ресторани и таверни.
4. Џенова
Џенова веројатно е најпотценет италијански град од страна на туристите. Се наоѓа во Северна Италија и воедно е главен град на регионот Лигурија. Џенова изобилува со високи згради во впечатливи бои, стрмни патишта и шармантни споредни улички, кои повикуваат да бидат истражени. Секако, тука е и познатото крајбрежје, каде застануваат луксузни бродови, модерни јахти и чамци и каде се ужива во вкусен сладолед или лимончело.
5. Фиренца
Фиренца е светскиот центар на ренесансата. Моќната династија Медичи, поставила одлични стандарди и принципи, според кои подоцна, уметниците и архитектите успешно се воделе. Богатата уметност и архитектура се главното обележје на овој град. Тука спаѓаат Дуомо, галеријата Уфици, камбанаријата Џото и плоштадите. Прошетајте низ елегантните улици, влезете во некој традиционален ресторан и воодушевувајте ѝ се на Фиренца со чаша Кјанти вино.
6. Верона
Верона е уште позната како „Рим во мало“. Градот има богато античко наследство, кое датира од 13-от и 14-от век. Верона е четвртиот најпосетуван град во Италија. Најпривлечни за туристите се Римската арена, каде можат да гледаат опера на отворено, куќата на Јулија и величествените цркви.
7. Торино
Торино има прекрасна локација на ридовите на Алпите и одлични музеи, шопинг центри и места за јадење. Ве обзема уметничко чувство додека чекорите среде античките згради, барокната архитектура и пешачките патеки. Доколку сакате да го почувствувате италијанскиот амбиент, без многу врева, тогаш ова е вистинското место за вас. Торино е истовремено романтичен и современ, модерен и традиционален.
8. Рим
Кога станува збор за Италија, Рим не може да се изостави. Град со огромна историја и богато античко наследство. Римскиот Колосеум сѐ уште се смета за една од најневеројатните згради во светот. Историски зданија, аристократски дух, модни бутици и ноќни клубови. Со еден збор, Рим е вистински жив музеј, чии експонати се улиците, зградите, античкото наследство и секако, луѓето. Град кој треба да се посети.
Турин? Аман, проверувајте кога преведувате од англиски, посебно личните имиња. Торино е градот.
Сссссссссс нема преведување!………Torino..