8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реално
Крајот на пролетта е период исполнет со многу сончеви денови и ведро сино небо. Меѓутоа, дали сте знаеле дека нашето сонце создава трикови кои можат да нè измамат? Оптичките илузии на небото ретко се појавуваат, но кога тоа се случува, имаат навистина драматичен ефект и не може да не бидат забележани. Ова се неколку такви сончеви појави фатени на камера од страна на фотографи кои патуваат низ светот…
1. Сончев ореол
Ореолот е всушност ледено виножито со таа разлика што светлината се одбива од ледените кристали, а не од капките вода.
Таков сончев ореол неодамна се има појавено во Русија.
2. Сончево куче
Класичниот феномен сончево куче, уште познат и како пархелион, подразбира појава на три „сонца“ одеднаш. Ова исто така е еден вид сончев ореол и тоа од најчестите. Сонцето изгледа како да има два „двојника“ на растојание од 22 степена и отприлика на иста висина.
3. Колона на светлината
Колоната на светлината се појавува кога сончевата светлина се рефлектира од најситните честички мраз во воздухот кои личат на шестоаголни ледени чинии. Таква колона се има појавено во Западна Вирџинија.
4. Прекршен спектар
Прекршениот спектар понекогаш може да се види на планините кога има магла. Овој феномен се случува кога гледате на страната спротивна од сонцето која обично е зафатена од сјајот на виножитото.
5. Северна светлина
Оваа светлина се создава кога сончевиот ветар се спојува со Земјиното магнетно поле, и таа не се појавува единствено на Северниот и Јужниот пол. Познати се случаи кога северната светлина била забележана и во Грција.
6. Зелен блиц
Зелениот блиц се појавува со првите зраци во мугрите или со последната светлина пред да се стемни. Не само што е тешко да се начека, туку може да биде и опасен за видот. Покрај тоа, за да се види мора да бидат исполнети следниве услови: Отворен хоризонт, чист воздух и небо без облаци. Така на пример, фотографот го „видел“ овој зелен блесок единствено кога ги прегледувал фотографиите што ги имал направено дента.
7. Огнено виножито
Ова е ретка атмосферска појава исто така позната како „кружно хоризонтална крива линија“. Се појавува кога хоризонталните сончеви зраци на изгрејсонцето или зајдисонцето се рефлектираат во хоризонталните ледени честички на облаците. Таков феномен бил забележан на небото во Вашингтон во 2006 година.
8. Сончева еклипса
Сончевата еклипса, односно затемнувањето на сонцето, може да се забележи само кога има млада Месечина, а се јавува кога Месечината поминува меѓу Сонцето и Земјата и делумно или целосно го блокира Сонцето.
Исто така, постојат повеќе фотографии од сончевата еклипса на земјата под дрвјата кога нејзината светлина пробива низ малиот простор помеѓу листовите. Сликата е направена со помош на ефектот „опскура“ на фотоапаратот.