8 факти што ќе ве натераат да се откажете од шминката

8 факти што ќе ве натераат да се откажете од шминката

Некои жени ја сакаат, додека други со задоволство го прескокнуваат ритуалот на шминкање. А овие вторите, верувале или не, имаат добра причина. Погледнете кои промени можете да ги очекувате кога ќе се откажете од шминкањето.

1. Вашите пори ќе се намалат

(1)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Кога нанесувате шминка вашите пори ја апсорбираат. Шминките содржат многу состојки кои пак ги затнуваат порите. Кога се затнати, тие се зголемуваат со цел да ја зголемат површината на апсорбирање. Па, кога ќе престанете да нанесувате шминка вашите пори ќе се вратат во природната состојба.

2. Не мора да се грижите за изгледот на шминката

(2)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Еден од недостатоците на шминката е тоа што постојано мора да ја проверувате за случајно нешто да не ви се размачкало или избришало со цел да го поправите со време. Ако престанете да се шминкате, овој проблем, се разбира, ќе исчезне.

3. Ќе имате повеќе време

(3)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Секое утро шминкањето ви одзема барем 20 минути. Ако го прескокнете, ќе ви остане време за нешто попродуктивно. Можеби ќе почнете да трчате, или пак да читате наутро.

4. Ќе имате повеќе пари

(4)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Сигурно веќе знаете колку се скапи шминките. Во зависност од вашата навика за шминкање, можеби трошите илјадници денари месечно за овие производи. Замислете колку ќе заштедите кога ќе престанете да трошите пари на шминки.

5. Ќе ги прифатите своите недостатоци

(5)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Шминката е одлична за прикривање акни, лузни или црвенило. Од друга страна, вие ќе зрачите со самодоверба кога ќе престанете да ги криете несовршеностите и кога гордо ќе ги покажувате. Всушност, тие несовршености се она што ве прави уникатни.

6. Ќе спасувате животни

(6)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Повеќето од нас се нарекуваат љубители на животните. За жал, поголемиот дел од шминките се тестираат на животни, а ние го поддржуваме тоа без воопшто да бидеме свесни. Кога ќе престанете да купувате шминки, ќе престанете и да ги поддржувате овие тестирања.

7. Вашата кожа ќе се подобри

(7)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Како што спомнавме, шминката ги затнува вашите пори и ги прави поголеми. Користењето шминка, особено ако не е за вашиот тип кожа може да ја влоши состојбата на акните. Ако користите пудра за да ги сокриете мозолчињата, можеби токму таа е причината за нивната појава.

8. Ќе внесувате помалку хемикалии

(8)8-raboti-koi-kje-ve-nateraat-da-se-otkazhete-od-shminkata-kafepauza.mk

Како и речиси сè, така и шминката е полна со хемикалии. Важно е да избегнувате да се изложувате на токсини. Кога ќе се откажете од шминкањето, значително ќе го намалите количеството токсини кои се таложат во вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар