7 знаци дека вашите карактеристики можеби ги заплашуваат луѓето
Понекогаш вашето однесување или тоа што го изговарате ги брка луѓето подалеку од вас. Ова може да биде една од вашите лоши карактеристики на којашто не сте горди и можеби сакате да ја промените. Или, напротив, ова може да биде нешто што го сметате за позитивно, но и причина за луѓето да ве перципираат врз основа на она што тие го гледаат. Сепак, важно е да бидете свесни за оние особини што може да ги заплашат луѓето.
1. Вие сте брутално искрени
Искреноста е една од вашите главни особини. Сакате да бидете искрени со луѓето дури и кога е тешко да ја кажете вистината. Вие мислите дека е подобро така отколку да ја разубавувате вистината или да лажете.
2. Не сакате непотребни разговори
Вие не сакате да разговарате за времето, за тоа како го поминавте викендот или за која било друга тема за која луѓето зборуваат само затоа што се љубезни. Овие разговори ви изгледаат бесмислени и вие веднаш почнувате да разговарате за важни теми и да водите значајни разговори.
Како резултат на тоа, вие воопшто не разговарате со луѓето ако знаете дека нема да имате интересен разговор. Поради тоа, луѓето ве гледаат како ладна и недостапна личност, па дури и груба.
3. Не толерирате незнаење
Додека вие секогаш сте подготвени да научите нешто ново, некои луѓе не се заинтересирани за тоа. Поради тоа, кога некој ќе започне да зборува за теми што не му се многу познати, вие се нервирате и затоа ги избегнувате таквите луѓе. Или, што е уште полошо, го губите расположението и станувате раздразливи.
4. Не поднесувате луѓе што се жалат
Ова за вас значи губење време. Вие не очекувате сожалување и затоа не ги оправдувате сличните постапки на другите луѓе. Поради ова, многумина ве сметаат за бесчувствителна личност, односно за робот кој се грижи само за резултатите, но не и за чувствата на другите луѓе.
5. Ги исполнувате ветувањата
Многу луѓе не ги исполнуваат ветувањата и кога ќе видат дека вашето ветување е цврсто како карпа, може да се чувствуваат понижено или немоќно.
6. Вие сте отворени
Обидувањето и учењето нови работи не прави да се чувствувате лошо, за разлика од некои други луѓе. Ве инспирира непознатото и поради тоа можете да започнете да ги правите работите поинаку од другите. Но, новите и чудни работи ги бркаат луѓето надвор од удобната зона. Затоа, кога го предизвикувате нивниот начин на размислување, тие можеби се чувствуваат загрозено.
7. Имате силна волја и самодоверба
Ако одлучите да направите нешто, ќе го сторите тоа дури и ако тоа значи дека не се вклопувате во она што другите луѓе го очекуваат од вас. Не се плашите да ги надминете граници и да застанете сами, дури и ако вашиот начин на размислување не се совпаѓа со нормите.
Прочитајте кои 10 работи ја убиваат женската енергија.