7 знаци дека вашето трето око се отвора
Третото око е она што го води центарот за мудрост, интуиција и повисока свесност. Отвореното трето око ќе ви помогне да го искусите единството помеѓу сè. Ќе чувствувате подлабока врска со универзумот, а ова е едно од најубавите чувства. Погледнете некои од знаците кои покажуваат дека се отвора вашето трето око.
1. Свесно јадење
Ќе бидете привлечени кон поздрава храна која обично не ја јадете. Ќе станете посвесни за храната што ја внесувате и подобро ќе ги разберат енергиите со кои го храните вашето тело.
2. Чувствителност на светлина
Со отворањето на третото око, многу луѓе се соочуваат со чувствителност на светлина. Тие исто така ги гледаат боите посветли од вообичаено.
3. Главоболки
Главоболките кои создаваат некаков притисок може да настануваат од зголемениот проток на енергија. Ова е знак дека вашето трето око се отвора или се формира неговата енергија во центарот на вашето чело. Јачината на главоболките може да варира, но тие ќе стануваат почести.
4. Притисок помеѓу веѓите
Може да чувствувате пулс во центарот на челото. Оваа сензација може да се случи пред или по главоболките.
5. Ќе ја разберете синхронизираноста
Ќе почнете да ја забележувате синхронизираноста која се случувала околу вас. Сите значајни случајности ќе почнат да имаат значење за вас.
6. Живи соништа
Ќе почнете да имате незаборавни соништа. Ќе бидат премногу реални и ќе мислите дека навистина се случуваат. Луцидните соништа исто така се знак за отворање на третото око. Тоа значи дека почнувате да ги контролирате вашите соништа.
7. Нова животна цел
Многу е веројатно да размислувате повеќе за вашиот живот и за она што треба да го правите. Ќе ги гледате позитивните и негативните работи многу појасно. Ќе најдете целосно нова цел во вашиот живот, и ќе сфатите дека животот вреди да се живее.
Прочитајте ги и овие прекрасни цитати за интуицијата.