7 знаци дека сте во друштво на егоистична личност

7 знаци дека сте во друштво на егоистична личност

Кога станува збор за енергијата на големото его, таа секогаш е поттикнувана од прашањето дали има тука нешто „мое“. Овие личности постојано само земаат, верувајќи дека тоа токму ним им припаѓа. Затоа и луѓето кои се целосно насочени кон себе се нарекуваат егоцентрични и егоистични. Кога ќе наидете на ваква личност, вие веднаш ќе почувствувате празнење на енергијата од вашето тело бидејќи тие се хранат со туѓата енергија.

7 знаци дека сте во друштво на егоистична личност

Во близина на овие личности, многу е важно да одвоите доволно време за да откриете како вашето тело реагира на нив. Тоа е еден од најточните начини да проверите дали покрај вас стои егоистична личност. Па, кога ќе се запознаете со некој нов, наместо да се грижите и прашувате дали сте оставиле доволно добар впечаток, обидете се да чуете што ви вели вашето тело. Доколку ги почувствувате следниве 7 знаци, тогаш без сомнение сте се запознале со егоистична личност…

  1. Чувство на празнење на вашата енергија во близина на оваа личност
  2. Вашиот стомак е цврсто затегнат, како да се подготвува на опасност
  3. Необјасниво посакување да се поттргнете што подалеку од оваа личност
  4. Чувство дека само вие вложувате во вашиот однос
  5. Чувство дека само другата личност зема нешто од вас
  6. Тој или таа се фали дека постојано ги искористува другите луѓе
  7. Чувство на умор, депресија или вознемиреност откако ќе се оттргнете од него/неа

Нештата кои егоцентричните луѓе можат да ги сакаат од вас може да варираат. Тие можеби бараат едноставни работи како убав збор или желба некој да ги сослуша. Поголемиот дел од луѓето не се чувствуваат искористено во овие ситуации, но ако тоа стане подлабок и едностран однос во кој вие сте единствените кои даваат комплименти и слушаат, тогаш тие без сомнение ве искористуваат. Која е целта да се одржува врска, љубовна или пријателска, доколку другата страна не е подготвена да ве сослуша, ниту пак да ви овозможи чувство дека навистина ве разбира?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар