7 знаци дека починатите се обидуваат да допрат до вас

7 знаци дека починатите се обидуваат да допрат до вас

Загубата на саканите е секогаш е тешка и непреболна. Како дел од тагата, се јавуваат многу недоговорени прашања и посакуваме барем уште еднаш да зборуваме со мртвите.

(0)-7-znaci-deka-pochinatite-se-obiduvaat-da-doprat-do-vas-kafepauza.mk

Во длабока тага, често доживуваме нешта кои не можат да се објаснат рационално. Натприродните и паранормални појави кои ги доживуваме, од другите се интерпретираат како коинциденција, но тие не ја чувствуваат нашата болка.

Постоењето на човечкиот дух после смртта се поврзува со религијата. Без разлика дали верувате во задгробниот живот или не, понекогаш не постои објаснување за искуствата што ги имаме, а кои се поврзани со починатите.

1. Соништа

Соништата со вашите сакани се природна работа, бидејќи од нив имате безброј спомени. Ако се сеќавате на сонот откако ќе се разбудите, запишете ги деталите во некој бележник. Какво значење може да извлечете од тие детали? Дали постои порака која вашите сакани се обидуваат да ви ја пренесат кога не сте свесни?

После смртта, комуникација може да се воспостави како искуство надвор од телото, независно дали спиете или медитирате. Ова може да изгледа многу живописно, а вашите сакани можат да зрачат светлина. Понекогаш ова изгледа како луциден сон, кога сте свесни дека сонувате и може да го контролирате текот на сонот.

2. Случајни мисли

Кога вашите мисли одеднаш се префрлаат од одредена тема на вашите блиски, тоа може да биде знак дека тие се обидуваат да допрат до вас. Фактот што размислувате за вашите сакани е многу значаен. Прифатете ги мислите, како што би ги прегрнале оние кои сте ги изгубиле и повторно оживејте ги спомените. Природно е да чувствувате емоции заедно со мислите.

3. Невообичаени појави

Ако нешто се придвижува само од себе кога никој не е блиску до него, ова навидум необјасниво движење може да се припише на мртвите. Ако предметот повторно го вратите на своето место и уште еднаш се придвижи без објаснување, тогаш бидете сигурни во тоа.

Треперењето на светлината, ѕвонењето на телефонот, или чудното однесување на домашните миленици може да бидат знаци дека вашите блиски комуницираат со вас на разни начини. Тие ви пренесуваат порака дека се присутни со тоа што ви го привлекуваат вниманието.

4. Физички потсетници

Предмет кој ве потсетува на посебни, значајни моменти помеѓу вас и вашите сакани се појавува пред вас. Како на пример, гледате црн пердув на тротоарот по кој чекорите, што ве потсетува на времето кога вие и вашите сакани сте го гледале филмот „Гавранот“ за време на една студена ноќ.

Овој специфичен предмет кој за вас има некакво значење, од другите лесно може да биде интерпретиран како коинциденција. Фактот што ова ви се случило вам и ве натерало да помислите на починатите, значи дека тие се обидуваат да комуницираат со вас. Во спротивно, пердувот би ве потсетил дека отсекогаш сте ја сакале поемата Гавранот од Едгар Алан По.

(1)-7-znaci-deka-pochinatite-se-obiduvaat-da-doprat-do-vas-kafepauza.mk

5. Сензации

Физичките сензации како трнењето и морниците кои нѐ полазуваат кога околу нас нема никој може да бидат знак дека нашите сакани се обидуваат да комуницираат со нас. Или, може да помирисаме некој познат мирис кој ќе нè потсети на нив.

6. Халуцинации

Гледањето работи што не постојат може да биде застрашувачко, бидејќи ова најчесто го поврзуваме со ментални болести. Ако гледате нешто, кое никој друг не може да го види, можно е тоа да е присуството на починатите сакани личности кои сакаат да комуницираат со вас.

Наместо страв, за момент затворете ги очите и сетете се што видовте. Дали има некакви мириси, звуци или допири кои ги чувствувате, а исто така ве потсетуваат на вашите сакани? Отворете ги очите и гласно изговорете го нивното име додека повторно се фокусирате на сите ваши сетила.

Понекогаш луѓето тврдат дека слушаат гласови кога нема никој покрај нив. Повторно, ова може да биде знак. Дали го препознавате гласот?

7. Коинциденции

Природно е да чувствуваме страв кога се соочуваме со знаци испратени од духовите на нашите сакани. Тие ќе продолжат да ве сакаат и после смртта, па наместо со страв, одговорете со љубов. Бидете слободоумни и запомнете дека тоа не е дух од некоја непозната личност, туку дека тоа е ваш пријател или роднина кој се обидува да воспостави контакт.

Иако многу луѓе тврдат дека комуницирале со мртвите, сепак повеќето од нас се скептични. Постојат видовити луѓе или медиуми кои може да ги побарате ако сакате да воспоставите контакт, но внимавајте на измамници кои ќе ви кажат сѐ што сакате да слушнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар