7 женски навики кои и мажите потајно сакаат да ги имаат
Како што жените се борат со разни стереотипи, така и мажите не уживаат целосна слобода во нивниот животен стил, плашејќи се дека ќе бидат исмеани или неодобрени од страна на нивната околина. Издвојуваме 7 женски навики, кои би се сложиле да ги прифатат и припадниците на појакиот пол, кога не би се срамеле што ќе си помислат нивните другари или колеги.
1. Експериментирање со модата без предрасуди
Ретко кој маж ќе се осуди спонтано да си поигрува со модните комбинации и додатоци, без да се загрижи за тоа каков впечаток ќе остави кај другите луѓе со својот нов имиџ. Така на пример Џони Деп, е ослободен од ваквите неосновани предрасуди и ужива носејќи си шешири, накит и откачени марами. Повеќето мажи сметаат дека доколку пробаат поексцентричен имиџ, ќе си заработат потсмев од страна на пријателите.
2. Коментирање за физичкиот изглед на други мажи
На мажите им е многу тешко да признаат на глас дека некој друг маж е згоден, секси или привлечен, а притоа да не помислат дека сите други чудно ќе ги погледнат. Сосема е стрејт за мажите да признаат дека Бред Пит или Рајан Гослинг се стварно згодни и привлечни мажи. Од друга страна, кога жените фалат друга жена, тоа не е воопшто чудно, што е доказ дека станува збор за неоправдан стереотип.
3. Нарачување женски коктел
Шарени коктели украсени со чадорчиња и светкави цевки и на мажите некојпат им изгледаат привлечно, но токму тоа е причината поради којашто ги избегнуваат. Секако и мажите ги фаќа иштав кога ќе видат алкохолен пијалак збогатен со парчиња овошје, но не им паѓа на памет да нарачаат, бидејќи сметаат дека би изгледале глупаво и околината би ги исмевала.
4. Уживање во спа-центар
Цел ден поминат одморајќи во сауна, на базен или на масажа, навистина ги опушта сите сетила и таквиот ден не би требало да биде резервиран само за жените. Несомнен е фактот дека и на мажите како човечки битија им е потребно опуштање од стресниот начин на живот. И тие обожаваат кога некој ги допира, масира и негува.
5. Користење козметички помагала
Ако жените ги кријат подочниците и акните со шминка и користат креми за хидратација на кожата, зошто тоа не би го правеле и мажите? Повеќето мажи кога ќе видат мозолче, првата работа што им паѓа на памет е како да се ослободат од него, но девојките секогаш наоѓаат некое козметичко решение за тој проблем. Истото се однесува и на испуканите раце во зимскиот период. Нема ништо секси, во груби машки раце како шмиргла!
6. Забавување со децата во јавност без воздржување
Децата обожаваат да си играат, веселат и да шират позитивна енергија, па зошто и нивниот татко не треба да ужива со истиот ентузијазам? Мажите не треба да се срамат да се шегуваат со нивните деца кога шетаат низ паркот и да се плашат дека ќе добијат чудни погледи од околните луѓе. Зошто еден добар татко не би смеел да пее и да скока, ако тоа ги усреќува неговите дечиња?
7. Покажување искрени емоции
Ослободување на чувствата пред пријателите или партнерката или пак заплакување на тажна филмска сцена, не би требало да биде табу тема за мажите. И мажите се човечки суштества со емоции, кои или ги потиснуваат длабоко во себе поради што се чувствуваат како да ќе експлодираат или плачат кога се сигурни дека се на само. Понекогаш и тие имаат вистинска потреба да покажат како се чувствуваат без никаков срам.