7 видови емоционални проблеми кои значат дека на вашата чакра ѝ е потребно лекување

7 видови емоционални проблеми кои значат дека на вашата чакра ѝ е потребно лекување

Чакрите се енергетски центри во телото. Тие не се органи, па не е потребна операција за нивно лекување и тоа не боли. Најчесто до нив може да се стигне со фокусирање на истите, со правилно дишење и медитација, но за тоа може да биде потребно повеќе време и работа. Секоја чакра, односно енергетски центар, управува со различни области во вашето тело и вашиот ум. За да дознаете на кои од вашите чакри им недостасува рамнотежа, погледнете ја оваа листа подолу.

7 видови емоционални проблеми кои значат дека на вашата чакра ѝ е потребно лекување

Коренска чакра – финансиска несигурност

Чакрата на коренот се наоѓа во кокцигеумот и таа ве учи дека имате право да бидете овде. Затоа, луѓето кои израснале во социјални центри, постојано преселувајќи се од дом во дом, луѓето кои чувствуваат вина или пак малцинските групи, може да страдаат од нерамнотежа во својата чакра на коренот, врз основа на некои лажни верувања дека тие немаат право да бидат овде. Ова се одразува низ финансиската несигурност која влијае на основните потреби за преживување, како што се парите, засолништето или храната. Луѓето кои страдаат од нарушување во исхраната треба да се фокусираат на отворање на оваа чакра, потврдувајќи дека имаат право да бидат овде.

Кога оваа чакра е во рамнотежа, личноста ќе нема проблеми со самоодржувањето и ќе се чувствува поврзана со другите човечки суштества во светот.

Сакрална чакра – зависност

Сакралната чакра се наоѓа на околу 50 милиметри под вашиот папок и на околу 50 милиметри во центарот на вашето тело, а таа ве учи да ги почитувате другите. Луѓето кои се зависни од дрога, алкохол или слично, имаат проблеми со своите емоции. Тие бараат лек во надворешни работи, но кога ги немаат, се повлекуваат од односите со другите.

Кога оваа чакра е отворена и е во рамнотежа, личноста ќе открие способности за преземање ризик кои ќе ја зајакнат, а не да ја уништат.

Соларна плексус чакра – недостаток на самопочит

Оваа чакра се наоѓа околу 70 милиметри над папокот и таа ве учи на самоприфаќањето. Луѓето на кои оваа чакра им се наоѓа во нерамнотежа, се соочуваат со намалена самопочит. Тие се грижат за тоа што мислат другите за нив и тоа им пречи во нивното секојдневие. Во нив може да постои некој критичар кој постојано им создава грижи.

Кога оваа чакра е во рамнотежа, личноста се здобива со чувство на самодоверба кое не може да биде уништено од мислењето на другите.

Срцева чакра – љубење до точка на задушување

Чакрата на срцето, како што кажува и самото име, се наоѓа во срцето и таа ве учи лекции за љубовта. Луѓето со затворени чакри на срцето може да имаат длабоки стравови за осаменост и да сакаат до точка на задушување. Тие исто така имаат страв од напуштање и да не останат сами со себе. Тие може да имаат заоблени раменици и да страдаат од болка во горниот дел на грбот.

Кога нивната чакра на срцето е отворена и во рамнотежа, личноста чувствува среќа, радост и љубов, не се чувствува огорчена и полесно ѝ е да прости.

7 видови емоционални проблеми кои значат дека на вашата чакра ѝ е потребно лекување

Грлена чакра – неверност

Оваа чакра се наоѓа во грлото и ве учи да зборувате и да дозволите да бидете слушнати од другите. Честопати нерамнотежата во оваа чакра е предизвикана од лажење, а лажењето пак е предизвикано од верувањето дека не можете да го изразите вашето мислење. Луѓето кои страдаат од ваква нерамнотежа имаат страв да зборуваат за себе, при што тие дејствуваат на начин кој не е карактеристичен за нив. Многу луѓе кои имаат затворена чакра на грлото, може да израснале во семејства каде што имало зависност од некој порок или пак била присутна злоупотреба. Како деца, тие научиле да ги задржат своите чувства и мислења за себе, со цел да се чувствуваат безбедни.

Кога оваа чакра е отворена и во рамнотежа, личноста е во состојба да зборува без страв, внимателна е и искрена, па така се чувствува и побезбедно.

Чакра на третото око – недостаток на насоки

Чакрата на третото око се наоѓа во центарот на челото и ве учи како да ја гледате големата слика на работите. Личноста која има нерамнотежа во оваа чакра може да има намалена способност да се слуша самата себеси и може да биде збунета и да не знае како да продолжи во животот. Поголемиот дел од времето, тие може да се чувствуваат изгубени, а во екстремни случаи личноста може да се соочи и со претерано фантазирање и можни халуцинации.

Кога оваа чакра е отворена и во рамнотежа, личноста може да прави разлика помеѓу вистината и илузијата, стравот и реалноста.

Чакра круна – цврсти верувања

Оваа чакра се наоѓа на врвот од главата и ве учи како да живеете внимателно и смирено. Луѓето кои растат со цврсти религиозни или духовни верувања или пак луѓето кои се израснати во заедница со предрасуди, честопати имаат затворена чакра на круната, што води кон тоа тие да имаат потешкотии при преземањето акции, поради тенденција за прекумерно да ги анализираат резултатите. Овие личности исто така имаат голем страв од отуѓување.

Кога оваа чакра е во рамнотежа, личноста е способна да живее во сегашниот момент, со доверба во себе и животот го разбира како патување, а не дестинација.

Секој од вас има нерамнотежа во некоја чакра, а колку подобро ги разберете, толку поблиску ќе бидете до решението на проблемот со кој се соочувате. Па, време е да почнете да размислувате! Сакате да дознаете нешто повеќе за чакрите – главните енергетски центри на телото?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар