7 видови девојки од кои сите момци бегаат (без исклучок!)

7 видови девојки од кои сите момци бегаат (без исклучок!)

Вие можеби мислите дека сте слатки со овие видови однесување, но реалноста е сосема спротивна. Во совршените врски, девојките им дозволуваат на своите партнери постојано да ги гледаат само во најдобрата верзија од себе. Но, во реалните врски, секој мора да се соочи и со најдоброто и со најлошото. Тоа е сосема нормално. Токму затоа и момците, особено кога сакаат вистинска врска, најмногу што можат ги избегнуваат следниве 7 видови девојки…

7 видови девојки од кои сите момци бегаат (без исклучок!)

1. Девојката која сака да држи сè под контрола

Оваа девојка воспоставува контрола во врската така што постојано му го покажува „своето место“ на нејзиниот партнер. Таа се доживува како личност која лесно и брзо ги решава проблемите и токму затоа, најчесто со добри намери, постојано му објаснува на партнерот дека неговиот начин е погрешен. Со обидот да го контролира, таа ги потиснува неговите мисли, желби и можеби најважно од сè, неговото чувство за мажественост.

2. Девојката која се однесува како мајка

Таа кон својот партнер се однесува на истиот начин како што и неговата мајка се однесува кон него. Таа се грижи за него, постојано размислува да не случајно нешто лошо му се случува, верува дека тој е безгрешен, па можеби дури и сака да ја одбира облеката која ќе ја носи на неговото ново работно место. Всушност таа е толку многу емоционално преокупирана со него, што тоа воопшто не е здраво за врската. На тој начин си става непотребен притисок врз себе, сакајќи самата да ја носи врската на свој грб, а со тоа и доведува до негово гушење.

3. Девојката која го уценува својот партнер со секс

Оваа девојка е шармантна, па токму затоа и лесно ги привлекува мажите во своите прегратки. Тоа успева да го постигне бидејќи се дефинира себеси со својата сексуалност. Со други зборови, таа го контролира својот партнер со секс. Па, доколку тој сака да добие секс, тогаш прво мора да го направи тоа што оваа љубовна лисица го посакува. Нема потреба воопшто да се кажува зошто овие уцени најверојатно брзо ќе доведат до крај на врската.

4. Девојката која е секогаш дама во опасност

Концептот на „дама во опасност“ е многу едноставен: Момче запознава девојка, момчето ја спасува девојката, па момчето и девојката живеат среќно до крајот на својот живот. Ова можеби звучи романтично, но на долг рок таа не може постојано да биде дама која е во опасност и тој не може постојано да се однесува како нејзиниот херој. Овие улоги исцрпуваат и се нереални, па токму затоа и со тек на време помеѓу нив ќе исчезне „хемијата“ која ги поврзувала.

5. Девојката која постојано игра игри

Многу често се случува момците да налетаат на девојка која си игра со нив и во моментот пред работите меѓу нив да станат сериозни, таа да си замине. И покрај тоа што не мора да значи дека станува збор за саботажа, најчесто ова однесување води кон фрустрации. Но, откако нештата меѓу нив ќе се оладат, таа повторно се враќа назад. Можеби на почетокот овие раскинувања и смирувања делува забавно, но брзо потоа се претвораат во тензија која се испречува како ѕид помеѓу двајцата.

6. Девојката која се стреми кон комплетна и тотална еднаквост

Оваа девојка, позната и како сметководителка, постојано следи што таа и својот партнер прават и се погрижува тие постојано да се на еднакво ниво. Проблемот со ова однесување е што врските не се бизнис, туку задоволство. Доколку не се доживуваат како нешто кое ве исполнува, интимноста ќе се намали и љубовта ќе стане колатерална штета.

7. Девојката која се однесува како принцеза

Кога една девојка ја игра улогата на принцеза, таа воопшто не се грижи за љубовта. Единственото нешто кое ѝ е важно е да биде поставена на пиедестал и да биде обожувана од својот партнер. На кратко, таа ќе се омажи со оној маж кој ќе ја доживува како трофеј. Овие жени не само што ги ограбуваат партнерите од својата среќа, туку и си ја скратуваат својата лична среќа, исклучувајќи ја шансата за наоѓање вистинска љубов и поврзаност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар