7 венчавки кои не поминале според плановите, но сепак изгледале прекрасно
Сите венчавки изгледаат прекрасно кога ги гледаме на Инстаграм. Тие исто така се неверојатно убави и во живо, но сепак, секогаш постојат работи кои не можеме да ги видиме за време на овие церемонии. На пример, цвеќињата можеби пристигнале 2 часа подоцна од што требало или угостителот се разболел во последната минута, па потребни биле часови да се најде негова замена и слично. Постојат многу приказни за венчавки кои не поминале според планираното, но тоа не значи дека тие не изгледале прекрасно на социјалните мрежи подоцна. Всушност, дури не мора да значи и дека не биле прекрасни за време на нивната изведба.
Смешни, возбудливи, а понекогаш и застрашувачки, овие приказни кои не поминале како што биле планирани ни покажуваат дека љубовта е единствената работа која е важна.
1. Бесплатна торта
„Пијан цвеќар ни ја турна нашата прекрасна торта на подот 2 часа пред да пристигнеме на приемот. Слаткарот имаше друга торта слободна, па направил импровизација. Планерот на свадби го криеше ова од мене, бидејќи мислеше дека ќе почнам да паничам. А јас дури не ни забележав дека тоа не е вистинската торта. Цвеќарот ја плати тортата и цвеќињата ни беа бесплатни.“ – Лиса, 56
2. Нека силата биде со тебе
„Поголемиот ден од венчавката се одвиваше според мојот план, но на татко ми не му се допадна воопшто тематската мелодија на Дарт Вејдер која свиреше кога тој беше претставен.“ – Ешли, 31
3. Што се случува во Вегас…
„Свадбена капела во Вегас: Кошмар!“ – Миси, 33
4. Персоналот стана безобразен
„Само што се венчав на 8-ми јуни! Нашиот службеник излезе дека е луд и згора на сите останати проблеми, нашите бармени не ја вршеа работата како што треба.“ – Наталија, 30
5. Ураганот Упс!
„Мојата венчавка се одвиваше за време на ураган. Имавме покането гости од сите страни на Америка, за да дојдат и да прослават со нас во Алабама, но тогаш се појави ураганот Нејт. Завршивме само со околу 35 гости. Но, сè друго беше магично.“ – Моника, 28
6. Совршена глетка
„Требаше да се венчаме на кровот на облакодерот во Чикаго, но дождот нè натера да се венчаме пред најдобриот професионален тркач со автомобили, Џои Амато.“ – Меган, 24
7. Каде е прстенот?
„Тој го изгуби прстенот. Ја направи единствената работа која не смеете да ја направите. Ја изведовме церемонијата со прстенот на мајка му, а подоцна тој го пронајде изгубениот. Знаев дека ќе биде смешно во ретроспектива, но во тоа време не беше воопшто.“ – Кери, 33
Како што можете да забележите, постои простор за грешки на венчавките, и тоа е сосема во ред. Не е ваша вина што венчавката не поминала според планот, и се надеваме дека со овие приказни ќе сфатите дека тоа се случува често. Подоцна кога ќе се присетите, ќе се смеете, исто како луѓето што ги споделија овие приказни. Доколку правите венчавка наскоро, без разлика што и да се случи, уживајте во вашиот специјален ден! Не станува збор за тортата, декорациите или музиката… Станува збор за вашата љубов!
Погледнете ги и овие урнебесни и чудни фотографии од руски венчавки.