7 убави факти за Афродита

7 убави факти за Афродита

Најлошо чуваната тајна на женственоста е можеби постојаниот социјален притисок да се постигнат некои норми за убавина. И додека жените денес се соочени со многу високи стандарди кога станува збор за изгледот, нереалните стандарди за убавина не се ништо ново. Всушност, тие датираат најмалку од 458-ма година п.н.е., кога драматургот Есхил ја замислил човечката верзија на недостижна убавина – Афродита.

7 убави факти за Афродита

Родена од пената на водите во Кипар, постојат неколку приказни за потеклото на Афродита. Според Хесиод, таа се родила од морската пена која се создала откако Крон ги фрлил гениталиите на Уран во морето. Но според Хомер, Афродита е ќерка на Зевс и Диона. Без разлика како настанала во светот на грчката митологија, божицата на љубовта и убавината е најпозната по нејзиниот неверојатен изглед. Истовремено, таа е моќно бесмртно битие кое може да ја раздвижи романсата помеѓу боговите и смртниците. Во продолжение прочитајте ги најубавите факти за Афродита што можеби не сте ги знаеле.

1. Нејзиниот колан имал посебни моќи

Афродита била толку моќна, што дури и нејзините модни додатоци имале неверојатно способности. Нејзиниот колан имал моќ да предизвика желба и да направи мажите и боговите безнадежно да се вљубат во оној кој го носи. На Афродита не ѝ било проблем да го позајмува нејзиниот колан – таа ѝ го позајмила на Хера, која пак го искористила да му го одвлече вниманието на Зевс од Тројанската војна.

2. Била во брак, но сè уште трагала

Зевс ја омажил Афродита за Хефест кој бил познат по тоа што е многу грд. Наводно, кралот на боговите видел некаква поетска правдина во тоа да ја спои прекрасната божица со некој грд. Но, ова не ја сопрело Афродита да прави што сака. На нејзината долга листа со љубовници се наоѓаат богови како Арес и мажи како Анхис. Но нејзината најсилна врска најверојатно била со Адонис, кој пак на некој начин бил нејзин сурогат син.

3. Лошо се справувала со одбивањето

Афродита можела да го има речиси секој маж или бог што го посакувала. Неколкумината кои некако успеале да ѝ одолеат, не завршиле среќно. Хиполит, на пример, ја одбрал Артемида наместо Афродита, па таа ја натерала неговата маќеа да се вљуби во него, а на крај и двајцата завршиле мртви. Никој не вели дека божицата на убавината била милосрдна.

4. Немала препознатлив стил

Афродита е прикажувана на многу разни начини, а сите класични уметнички дела посветени на неа ја прикажуваат различно. Покрај нејзината неверојатна убавина, не се познати некои други нејзини атрибути или карактеристики. Но, често е претставена како совршено симетрична и целосно гола. Покрај нејзиниот магичен колан, често е прикажувана и со јаболко, гулаб или лебед.

5. Уметниците се опседнати со неа

Афродита инспирирала повеќе уметнички дела од кој било друг лик од класичната историја. Можете да ја забележите во илјадници слики и скулптури, како и во литературни дела. Најпознатото дело инспирирано од неа е скулптурата Афродита од Милос, кое е најценетиот експонат во музејот Лувр.

6. Таа била жестока

Афродита не им се одмаздувала само на оние кои ја одбивале, туку не трпела никакво непочитување. Еднаш еден маж ја навредил, па таа му ги нахранила коњите со магична вода што ги натерала да се свртат против него за време на трка со кочии. Коњите не само што го згазиле, туку и го изеле неговото тело.

7. Афродита била „кул“ мајка

Не е јасно дали неговиот татко е Зевс, Арес или Хермес, но Ерос имал навистина интересна мајка – Афродита. Иако најчесто е опишан како лошо момче, Ерос бил навистина лојално дете кое Афродита често го носела на нејзината „официјална работа“. Според некои извори, Афродита е мајка и на Фобос, Деимос и Енеја.

Прочитајте ги и овие нешта што не сте ги знаеле за грчката митологија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар