7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денес
Средниот век опфаќа поголем дел од историјата на уметноста на Европа. Започнувајќи со падот на Римската империја во петтиот век и завршувајќи со почетокот на Ренесансата, овој период опфаќал околу 1.000 години.
Во овој период архитектите, уметниците и другите артисти ги оформиле градовите и заедниците кои ни се познати денес. Додека многу од средновековните ремек-дела се изгубени, некои стојат исправено и денес и служат како прозорец што ни овозможува да погледнеме кон минатото. Погледнете ги средновековните знаменитости ширум Европа што можете да ги видите и денес.
1. Мон Сен Мишел
Мон Сен Мишел е остров лоциран во близина на брегот на Нормандија. Оваа уникатна заедница има неверојатна историја и е основна во 6-тиот век. Оригинално именуван Мон Том, островот станал познат како Мон Сен Мишел кога еден бискуп го осветил со мала црква, откако имал визија од архангел Михаил. Векови подоцна биле додадени две големи градби што го трансформирале островот во она што можеме да го видиме денес. Опатијата била изградена во 966-та година, а ѕидот во 13-тиот век.
Вклучувајќи елементи и од романтизмот и од готиката, опатијата е совршен пример за француската архитектура во Средниот век. Ѕидот одлично покажува како изгледале многуте тврдини подигнати во средновековна Европа.
Островот е заштитен од УНЕСКО од 1979-та година. Секоја година, 2,5 милиони посетители влегуваат во ѕидините и го истражуваат неверојатниот остров.
2. Плоштадот Свети Марко во Венеција
Без сомнение, Венеција е град кој наликува на бајка. Една од најпознатите знаменитости во градот е Piazza San Marco, или плоштадот Свети Марко.
Изграден во 9-тиот век, на почетокот на плоштадот имало само мала капела. До 1092-ра година местото било проширено и биле додадени градби како базиликата на Свети Марко, црква и камбанарија. Базиликата е најпрепознатливата знаменитост од средниот век. Денес плоштадот останува религиски, политички и социјален центар на Венеција, како и голема туристичка атракција.
3. Каналите во Бриж
Како Венеција, и Бриж во Белгија е поврзан со канали. „Украсени“ со калдрми, жални врби и шармантни колиби, овие канали се симбол на бајковитиот град.
Каналите во Бриж биле изградени во 1128-ма година. Познати како „артериите“ на градот, тие имале важна улога во развојот на градот во Средниот век, бидејќи нуделе ретка и директна конекција со Северното Море. Оваа врска ја отворила можноста за интернационална размена и го ставила Бриж на мапите.
Иако улогата на каналите е променета со текот на времето, нивниот изглед воглавно е ист. Па тие се одличен приказ за средновековна Белгија.
4. Сен Шапел
Во Средниот век во Париз била изградена Сен Шапел, односно Света капела. Наречена и „бисер на готскиот стил“, оваа неверојатна црква ја прикажува естетиката на француската архитектура од 13-тиот век.
Луј IХ ја изградил црквата во 1248-ма година. На почетокот била наменета за чување реликвии и во неа се наоѓале некои од најскапоцените артефакти на католиците. Иако реликвиите биле преместени во Нотр Дам во 1804-та година, капелата останала позната по неверојатните слики на прозорците кои прикажуваат дури 1.113 сцени од Библијата.
Денес ова свето место привлекува секакви посетители – од верници, до љубители на уметноста.
5. Богородичната црква
Богородичната црква во Париз е едно од најпознатите средновековни чуда. Познатата црква е славена поради иновативниот дизајн, импресивните скулптури и високата кула.
Црквата е направена во чест на Марија, мајката на Исус, па оттаму нејзиното име што во превод од француски значи „Нашата дама“. Иако изградбата започнала во 1160-тите, црквата била завршена дури 200 години подоцна. Оттогаш градбата постојано еволуира. Замена на прозорците, чистење на фасадата и додавање на гарголите се само некои од промените.
6. Астрономскиот часовник во Прага
Старото собрание во Прага е едно од нејзините најпосетени знаменитости. На врвот на градбата се наоѓа познатиот Астрономски часовник што ја краси фасадата.
Овој неверојатен часовник бил усовршуван со текот на времето. Механичкиот часовник и астрономскиот бројач (направа што ја следи моменталната положба на сонцето и месечината) биле инсталирани во 1410-та година. Во 1490-та година, бил додаден и календарски бројач. Во 1600-тите, часовникот бил украсен со дрвени скулптури.
Благодарение на редовните поправки и одржување, часовникот работи и денес. Ова го прави најстариот астрономски часовник кој сè уште е во функција.
7. Катедралата Вестминстер
Катедрала Вестминстер има многу намени. Покрај тоа што е една од најважните цркви во Англија, овде се погребани и британските монарси, а има и цело богатство од слики, цртано стакло, материјали и други артефакти.
Вестминстер била изградена во 10-тиот век. Но, структурата што може да се види денес воглавно била изградена во 13-тиот век, под власта на кралот Хенри III. Оттогаш и ентериерот и екстериерот на готската катедрала ја задржале средновековната магија, правејќи ја катедралата една од најпосетените знаменитости.
Покрај тоа што е отворена за туристи, Вестминстер привлекува и верници и сè уште има црковна служба 7 дена од неделата.
Погледнете ги и дестинациите во Европа кои се идеални за патување со воз.