7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

Сите знаеме за познатите светски атракции како Колосеумот во Рим, Кинескиот Ѕид или Таџ Махал. Но постојат и други, грандиозни, антички градби за кои не слушнале ниту најстрасните авантуристи. Во продолжение погледнете ги резултатите од истражувањето на веб-сајтот „Quora“ во кое тие побарале од читателите да наведат некое помалку познато архитектонско чудо во светот.

Големата џамија во Џене, Мали

Големата џамија во Џене е стара повеќе од 100 години и претставува најголемата градба во светот изработена од глинени тули. Во 1988 година беше вклучена на листата на Светски наследства на УНЕСКО, како дел од стариот град Џене. Во моментов џамијата е затворена за туристи. Се претпоставува дека вакви мерки се преземени во 1996 година, откако во џамијата имало фотосесија за модното списание Вог.

Чанд Баори, Индија

Чанд Баори, лоциран во малото индиско село Абанери, претставува едно од најстари и најдлабоки простории со скалила во светот. Џиновската структура претставува превртена пирамида, која под земја се спушта 30 метри. Има 3 ѕидови на кои има 3.500 тесни скали, наместени во совршена симетрија, кои водат до мало, зеленикаво езеро. Научниците сѐ уште не можат точно да откријат дали оваа градба била изградена помеѓу деветтиот и единаесеттиот век или 600 години пред нашата ера.

Палатата на Парламентот, Романија

Едно од најпознатите обележја во Букурешт било изградено во времето на Социјалистичка Романија. Оваа палата се смета за најголемата и најскапата административна зграда во светот. Ова неокласично чудо има 12 ката (и 8 дополнителни ката под земја) и 3.100 соби, со вкупна површина од 330.000 метри квадратни.

Стариот мост, Босна и Херцеговина

Пешачкиот мост над реката Неретва во Мостар, е модерна копија на стариот мост кој бил уништен во воениот конфликт во 1993 година. Стариот мост станал дел од листата на Светски наследства на УНЕСКО во 2005. Скоковите од мостот во ладните води на Неретва претставуваат традиционална забава за туристи.

Тврдината Кумбалгар, Индија

Тврдината Кумбалгар е опкружена со ѕид, кој во старите времиња бил познат како „Чувар на Смртта“ или „Окото на Мевар“. Ѕидот се протега на 36 километри, а на некои места достигнува висина и до 8 метри. За изградба на оваа тврдина биле потребни сто години, од петнаесеттиот до шеснаесеттиот век. И покрај многуте војни, Големиот Ѕид од Индија никогаш не бил значително оштетен или предаден на непријателите.

Џамијата Шеик Лутфула, Иран

Ова архитектонското ремек-дело на сафавидската иранска архитектура, било изградено помеѓу 1602 и 1619 година. Џамијата е елегантна, но крајно невообичаена градба од неколку причини. Оваа џамија нема минариња ниту двор, веројатно поради фактот што не била наменета да биде отворена за јавноста, туку да служи како место за молење на жените од харемот.

Тврдината Деравар, Пакистан

Монументалната, квадратна структура во Деравар била изградена во 1733 година. Тврдината се состои од 40 бедеми, кои никнуваат од пакистанската пустина. Вкупниот обем на ѕидовите изнесува 1.500 метри, а високи се 30 метри. Дури и многу од локалните жители не знаат за нејзиното постоење.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од овие неверојатни места ширум светот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар