7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

Сигурно сите вие барем еднаш сте се нашле во ваква ситуација. Едноставно менувате по каналите, барајќи нешто интересно за гледање, но бидејќи не наоѓате ништо почнувате да гледате реално шоу. Колку да ви помине времето. Но, одеднаш работите ви бегаат од контрола и вие сте инстантно навлечени на него. Погледнете ги следниве изговори кои го објаснуваат вашето однесување во случај некој да влезе во собата пред да имате можност да го промените каналот…

1. Чиста љубопитност

(1) 7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

Веќе сте изгледале 3 епизоди и сега едноставно мора да дознаете што ќе се случи со бремената тинејџерка или пак, голиот преживеан.

2. Наивен оптимизам

(2) 7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

На почетокот навистина ви се видело како забавно/интересно/страшно шоу, па токму затоа и сте сигурни дека во секој момент ќе се врати овој првичен сјај.

3. Се плашите дека ќе пропуштите нешто важно

(3) 7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

Ако не гледате, за што ќе зборувате со вашите колеги за време на ручекот?

4. Валидација на вашите животни избори

(4) 7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

Гледајќи ги овие личности, вие се чувствувате многу подобро за вас и вашиот живот. Иако имате проблеми, не ви делуваат толку нерешливи како оние на ликовите од малите екрани.

5. Научно истражување

(5) 7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

Вие правите навистина многу важно истражување. Којзнае, еден ден можеби навистина ќе отидете до Њујорк со цел да купите венчаница од 10.000 долари.

6. Дневна доза драма

(6) 7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

Вие и вашите пријатели сте толку здодевни и фини едни кон други што едноставно почнува да ви станува монотоно. Толку ли е тешко тие да прават глупости со цел да имате за што да зборувате следен пат кога ќе се видите?

7. Психолошка анализа

(7) 7 совршено легитимни изговори да гледате глупаво реално шоу

Осудувањето… Не, сакавме да кажеме, анализирањето на другите е вашата омилена работа пред спиење. И зарем има подобар начин да го правите тоа од гледање глупаво реално шоу?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар