7 секојдневни работи што им биле забранети на жените од викторијанската ера

7 секојдневни работи што им биле забранети на жените од викторијанската ера

За време на викторијанската ера, која траела од 1837-ма до 1901-ва година, во Велика Британија имало многу реформи. Имало нешто позитивно, но жените знаеле да се чувствуваат навистина мизерно. Со цел да избегнат посрамотување и потсмевање, викторијанските жени требало да следат листа со многу правила за секој аспект од нивниот живот – од лична хигиена, па сè до реакција на шеги со двојно значење. Во продолжение откријте го вистинското лице на викторијанската ера и дознајте што сè било срамно за викторијанските жени.

1. Било неучтиво да се спомне женска долна облека

7 секојдневни работи што им биле забранети на жените од викторијанската ера

Се верувало дека и самото спомнување на женската долна облека можело да предизвика нездрав интерес за деловите од телото. Веројатно мислите дека долната облека од минатото била вулгарна. Интересно е што панталоните што се носеле наместо долна облека, имале дупка во средината. Токму поради ова, танцот кан-кан бил популарен овој период.

2. Се сметало за неучтиво и опасно да се тушираат со жешка вода

7 секојдневни работи што им биле забранети на жените од викторијанската ера

Во викторијанската ера, луѓето не се капеле многу често бидејќи верувале дека целосно влажното тело ја губи природната заштита од болести. Жените требало да се капат со студена вода, користејќи сунѓер и малку оцет. Не постоело нешто како топла купка. Луѓето верувале дека капењето во вода потопла од 37 степени би можело да ја полуди жената, па дури и да ја стимулира да бара телесно задоволство.

3. Физичката активност била неприфатлива за жени

7 секојдневни работи што им биле забранети на жените од викторијанската ера

На почетокот на 19-тиот век, луѓето верувале дека девојчињата и жените треба да го чуваат нивните тела за посебна прилика – раѓање дете. Се верувало и дека физичката активност била опасна за жените, а поголемата физичка разлика помеѓу мажите и жените ги правела жените полесни за контрола.

Сепак, овој систем не бил постојан и работел само за благородните жени. Сиромашните жени работеле исто колку и мажите и умирале во рудници за јаглен и фабриките за челик и текстил. Покрај тоа, сопствениците на фабриките повеќе сакале да најмуваат жени, бидејќи полесно можеле да ги тераат да работат тешка физичка работа и да ги плаќаат помалку.

Кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, односот кон активноста почнал да се менува. Девојките од средната и високата класа можеле да играат тенис, бадминтон и крикет, а исто учеле и стрелаштво, пливање и гимнастика.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар