7 работи во кои жените се подобри од мажите
Воопшто не сакаме ова да изгледа како натпревар помеѓу двата пола, туку само еден начин да се потсетиме на некои пријатни факти за жените. Па, ако сакате да знаете во кои области жените доминираат, според голем број научни студии, тогаш продолжете со читање…
1. Мултитаскинг
Мажите најверојатно само ја читаат оваа статија. Судејќи по многу истражувања, жените може да ја читаат оваа статија, да јадат, да играат видео игри и да пеат некоја песна. Без никаков проблем!
2. Интервју за работа
Иако на прв поглед изгледа дека машкиот шарм подобро поминува на разговорите за работа, тоа воопшто не е така. Жените можеби се чувствуваат ранливо пред ваквиот вид „испитување“, но тие многу подобро се справуваат со стресот, не дозволувајќи му да влијае на нивното претставување во текот на разговорот. Поголемиот дел од мажите ја игнорираат анксиозноста, што не е ниту здраво ниту препорачливо. Овој став го потврдија и академците од Универзитетот во Охајо во 2012 година кога ги сумирале разговорите за работа со 400 студенти, анализирајќи го нивното ниво на стрес и начинот на кој се справуваат со него.
„Дојдовме до заклучок дека жените поактивно се прилагодуваат на стресот за разлика од мажите“, изјави Џастин Фини, еден од истражувачите.
3. Возење
Ова сигурно ве изненади. Студијата која била спроведена на 200 возачи во Лондон со која се мереле 14 различни аспекти на возењето, покажала дека жените ги надминале мажите со 23,6 бодови (од можни 30). Ако се прашувате каде била најголемата разлика, таа е во таканаречените „опашки во возењето“. Повеќе од една четвртина од мажите нестрпливо возеле премногу близу до другите автомобили, занемарувајќи ја безбедната оддалеченост, додека пак тоа се случува само кај 4% до жените.
4. Емпатија
Друга нова студија открила дека поголемиот дел од жените ќе се проѕеваат откако ќе здогледаат друга личност која го прави истото, за разлика од мажите што ќе го направат тоа во помал број. Причината е емпатијата. Всушност, жените се под поголемо влијание на чувствата на нивниот партнер отколку мажите, односно им даваат поголемо внимание на физичките реакции на луѓето околу себе.
5. Водење успешен бизнис
Студијата која е спроведена на 600 извршни директори за начините на кои се справуваат со тешките одлуки покажала дека жените се многу поправедни од мажите во донесувањето одлуки, што води кон подобри услови за работа за сите вработени, а не само за шефовите.
6. Програмирање
Иако нема многу жени во областа на развивање софтвери, се смета дека тие се покомпетентни програмерки. Една студија што била спроведена во 2013 година открила дека кодовите кои се напишани од страна на жени се побарани од љубителите и познаниците на компјутерските програми од оние што се напишани од страна на мажите.
7. Справување со болести
Мажите имаат послаб имунолошки систем од жените, а кривецот за тоа е тестостеронот. Високото ниво на овој хормон кај мажите е одговорен за полошата реакција на вакцината против грип, што значи дека тие повеќе подлежат на болести.