7 работи што ги разбираат само ранобудниците

7 работи што ги разбираат само ранобудниците

На многу луѓе им е тешко да стануваат рано особено ако сакаат да се забавуваат со пријателите или да гледаат по цели сезони од нивната омилена серија до доцна во ноќта. Но, оние коишто се обиделе барем еднаш да го дочекаат изгрејсонцето знаат дека станувањето рано има голем број придобивки. Утрата во себе кријат една посебна убавина за која многумина не се свесни иако станува збор за бесплатен „луксуз“ кој сите можат да си го дозволат. Доколку сѐ уште не сте убедени дека време е да го напуштите удобниот кревет и да го зграпчите денот, прочитајте ги следниве 7 причини кои ќе ве уверат дека станувањето рано е вистински благодат.

1. Убавината на изгрејсонцето

7 работи што ги разбираат само ранобудниците

Поголемиот дел од луѓето имаат прилика да видат изгрејсонце само на Инстаграм, а и тие фотографии обично се надополнети со еден куп филтри и непотребни хаштагови кои го уништуваат вистинското доживување. Земете си шолја кафе, сместете се удобно на терасата или во дворот и уживајте во погледот. На тој начин вашите денови ќе станат многу позначајни и повредни за сеќавање.

2. Тишината вреди злато

(3) 7 работи што ги разбираат само ранобудниците

Можете да чуете нешто друго освен црцорењето на птиците? Не и тоа е прекрасно. Вредноста на тишината е многу потценета во денешно време. Секојдневниот живот е толку пренатрупан со непотребни звуци и бучава што луѓето како да имаат свикнато на целиот тој хаос. Препуштете ѝ се на утринската тишина и веднаш ќе почувствувате како ви се полнат батериите.

3. Ќе успеете да ги фатите сите мали црвчиња како вистинска утринска птица

7 работи што ги разбираат само ранобудниците

Ако отидете порано на работа, ќе имате дополнителен час да ги завршите малите обврски кои постојано ги одложувате и занемарувате. На тој начин сите задачи ќе ги завршите навремено и нема да пропуштите ниту еден од предвидените рокови.

4. Планирањето на денот рано наутро има голем број придобивки

7 работи што ги разбираат само ранобудниците

Доколку почнете да си го планирате денот заедно со утринското кафе, ќе можете да одредите кои се вашите приоритети и ќе знаете точно од каде да почнете. Тоа е многу подобро од бесцелното нуркање во секојдневните обврски кои се чини како да немаат крај. Нормално е дека повторно ќе наидете на некои пречки и нема да можете слепо да се водите по планот, но самото тоа што ќе разберете кои работи морате да завршите во текот на денот ќе ви помогне да добиете реалистични очекувања, а тоа доведува до попозитивен поглед на работите и подобро расположение.

5. Ќе можете да уживате во највкусниот оброк во денот

(5) 7 работи што ги разбираат само ранобудниците

Овесни снегулки со млеко или јогурт, житарици, овошна салата, јајца приготвени на различни начини, топли и вкусни печива… Појадокот е најважниот оброк во денот, а придружен со вашето омилено кафе слободно може да се смета и за највкусниот. Наместо да го пропуштите појадокот и да заминете на работа или факултет гладни, или, пак, да грицнете нешто набрзина, одвојте време и дозволете си го ова задоволство. На тој начин утрата ќе ви бидат помалку стресни и ќе добиете доволно енергија за да бидете продуктивни во текот на целиот ден.

6. Ќе ја одбегнете гужвата

7 работи што ги разбираат само ранобудниците

Доколку станете порано, ќе можете набрзина да ги завршите сите здодевни обврски како што се пазарење или плаќање сметки и притоа нема да заглавите во гужвата. Така ќе имате повеќе слободно време во текот на денот кое ќе можете да го искористите како што сакате.

7. Ќе спиете како бебе

7 работи што ги разбираат само ранобудниците

Кога ќе почнете да станувате рано, деновите ќе ви бидат подолги, ќе почнете да трошите повеќе енергија и ќе бидете попродуктивни. Тоа исто така значи и дека ќе ви се приспие само што ќе почне да заоѓа сонцето. На крајот од денот ќе можете слободно да потонете во добро заслужениот сон чиј квалитет значително ќе се подобри што значи дека ќе им кажете збогум на бессоните ноќи и уморните утра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар