7 работи што ги мачат луѓето кои гризат нокти

7 работи што ги мачат луѓето кои гризат нокти

Не постои ниту една причина за гризење на ноктите. Гризењето нокти е грозно, може да му наштети на вашето тело и често е видлив резултат на некој стрес, а сепак многумина од нас го прават без да размислат.

(3)-7-raboti-shto-gi-machat-lugjeto-koi-grizat-nokti-kafepauza.mk

Гризењето нокти најчесто започнува за време на пубертетот. Околу половина од децата и тинејџерите на возраст од 10 до 18 години ја имаат оваа навика, но како возрасни не сите можат да ја исфрлат.

Подолу прочитајте ги 7-те маки на луѓето кои гризат нокти.

1. Немате поим дека сте под стрес сѐ додека не е веќе доцна

Погледнувате надолу, гледате дека вашите прсти се нерамни и грди и тогаш се штрекнувате. Мора да најдете начин да се релаксирате.

Гризењето нокти често се поврзува со стресот и анксиозноста, а според д-р Ричард О’Кирни, психолог од Австралија, гризењето нокти е начин да си го одвлечеме вниманието од лошите мисли и чувства. Тој вели дека воглавно луѓето тоа го практикуваат како начин да се справат со негативните чувства. Со други зборови, не постои подобар начин за релаксација од свежо изгрицканите нокти.

2. Секогаш ќе имате кожички околу ноктите

Грицкачите на нокти се фатени во бесконечна јамка од гризење, тргање и кинење. Гризењето на ноктите може да ја оштети кожата под ноктот, што потоа резултира со кожички, кои секако молат да бидат скинати.

Рапавоста на кожичките води кон ново кинење и тргање и пред да сте свесни за тоа, сте го достигнале светото тројство во гризењето нокти: крварење, отеченост, а потенцијално и инфицирани нокти.

3. Потребата за гризење се јавува во најнепријатните моменти

Кога мора да гризете, мора да гризете. За многумина од нас не постои причина, ниту вистинско време, но кога ќе почувствуваме потреба, беспомошни сме да се спротивставиме.

Може да сте на некоја важна средба или на прв состанок кога ќе забележите дека еден совршено израснат нокт моли да биде изгризан. Не е важно што сите ќе бидат згрозени од вас во тој момент, па дури ни камерите на националните телевизии нема да ве спречат во намерата.

4. Некогаш не постои дискретен начин да ги исфрлите „отсечоците“

Дали вашите колеги ќе забележат кога ќе фрлите цел куп нокти во кантата покрај нивното биро? Дали вашето ново момче ќе го забележи тајното скривалиште на вашата тоалетна масичка? А што е со купчето нокти во држачот за чаши во вашиот автомобил, што сте го направиле кога ви било досадно во сообраќајниот метеж? Ова се непријатни ситуации во кои често се наоѓаат луѓето кои гризат нокти.

Којзнае дали другите луѓе го забележуваат сето ова. Но дури и да забележуваат, тоа нема да ве запре, бидејќи…

5. Знаете дека е одвратно, но премногу уживате за да сопрете

(2)-7-raboti-shto-gi-machat-lugjeto-koi-grizat-nokti-kafepauza.mk

Знаете дека е непривлечно. Знаете дека е грозно. Знаете дека треба да прекинете. Но дури и кога го гледате туѓото згрозено лице, кое по којзнае кој пат ве осудува, не можете да се спротивставите на потребата.

Американската психијатриска асоцијација DSM, гризењето нокти всушност го карактеризира заедно со менталните нарушувања како опсесивно-компулсивното нарушување. Но постои една значителна разлика, луѓето со опсесивно-компулсивно нарушување не уживаат, додека луѓето што грицкаат нокти уживаат во својата навика.

6. Маникирот не е за вас

"The Voice of a Generation" award winner Lena Dunham attends Glamour Magazine's 22nd annual "Women of the Year Awards" at Carnegie Hall on Monday Nov. 12, 2012 in New York. (Photo by Evan Agostini/Invision/AP)

Никогаш нема да одите на француски маникир. Секогаш ќе сте по малку засрамени кога нечиј поглед за момент ќе падне на вашите прекратки нокти. А кога ќе се обидете да отидете на маникир, таму ќе наидете на негодување и засрамувачка лекција за грижата за вашите нокти.

Но сите ја знаеме вистината: кратките нокти можат да бидат и убави.

7. Неефективно чешање

Штотуку сте ги скратиле ноктите и сте направиле мазни и заоблени рабови. Се чувствувате одлично после ова достигнување кога одеднаш се сепнувате: силна потреба од чешање. Вашите кратки, средени нокти се бескорисни.

И тогаш ја доведувате во прашање вашата посветеност кон гризењето нокти. Бидејќи единствената потреба посилна од грицкањето нокти е потребата да се почешате кога морате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар