7 работи од кои нарцисите најмногу се плашат

7 работи од кои нарцисите најмногу се плашат

Нарцисите обично се дефинирани како личности кои се опседнати со себе и со својот изглед. Тие изгледаат како луѓе кои никогаш не биле вознемирени во нивниот живот. Сепак, постојат работи кои смртно ги плашат нарцисите. Дознајте кои се нештата кои ги плашат личностите кои се навидум неуништливи.

7-raboti-od-koi-narcisite-najmnogu-se-plashat-kafepauza.mk

1. Да бидат напуштени или одбиени

Нарцисите ја создаваат својата слика многу внимателно и тие веруваат дека се многу привлечни. Тие не можат да ги поднесат луѓето кои не го сакаат нивното егоистично однесување. Кога некоја личност ќе се обиде да ги напушти, тие тоа го сфаќаат многу лично и се обидуваат да направат сè за личноста да го смени мислењето. Некаде длабоко целото лажно однесување всушност крие мала и исплашена личност која мисли дека не е доволна, но никогаш нема да го признае тоа. Нарцисите се подготвени да направат речиси сè за да ја зачуваат својата репутација.

2. Шеги на нивна сметка

На нарцисите не им е проблем да ви се смеат. Тие секогаш ќе се шегуваат во непристојни ситуации и ќе се забавуваат со вашето страдање. Сепак, кога ситуацијата ќе се смени и кога тие ќе станат тема на шегување, нема да можат да го поднесат тоа. Нарцисите се многу одбранбени кон себе и ќе се обидат да го исчистат нивното име, дури и ако шегата била сосем невина. Тие имаат изградено ѕидови околу нивното срце, но потребно е малку за да се срушат.

3. Непочитување

Кога некој не ве почитува, без разлика какви сте, може да го повреди вашето его. Но, кога нарцисите се наоѓаат во ваква ситуација, тие не знаат како да се справат со неа. Удар од само една личност може да ги натера да видат како се чувствуваат сите. Одеднаш тие не го гледаат светот преку нивните очи, туку го гледаат однадвор и гледаат надолу кон себе. Во овие моменти тие ги забележуваат нивните недостатоци и не знаат како да се справат со оваа информација.

4. Игнорирање

Нарцисите го поминуваат нивниот живот „викајќи“ и надевајќи се дека некој или сите ќе ги забележат. Тие сакаат да бидат слушнати, почитувани и сакани. Недостатокот од внимание значи дека се „недоволни“. На нарцисите им е потребно гориво за да гори нивниот оган. Кога некој ги игнорира тие се чувствуваат како да им истуриле вода која го гаси нивниот оган и ги остава осамени.

5. Изложување

Нарцисите се однесуваат лошо. Тие не преземаат одговорност за нивните постапки и мислат дека можат да се извлечат со сè што прават. Кога некој ќе го разоткрие нивното однесување, тие се изненадени. Малку луѓе им се спротивставуваат на нарцисите, па кога некој ќе го направи тоа нека биде подготвен за драма. Нарцисите може навистина да превртуваат маси и да го обвинуваат соговорникот за нешта што тој не ги ни направил. Нарцисите веруваат дека се секогаш над срамот.

6. Неуспех

Неуспехот е болен за секого. Но, кога на еден нарцис нема да му се исполни сонот тој е убеден дека вината е на некој друг, дури и ако причината едноставно била недостаток на среќа. Тие ќе ги обвинуваат луѓето околу нив бидејќи им пречеле за нивниот напредок само за да се почувствуваат подобро. Нарцисите исто така се многу горди за својот изглед, па кога ќе го изгубат тоа, повторно ги обвинуваат другите. Тие веруваат дека изгледот е клучен за љубовта и почитта кои ги добиваат, па може да бидат навистина депресивни кога ќе го изгубат.

7. Соочување со смртта

Смртта е застрашувачки настан за секој нарцис. Сè што тие изградиле за својот имиџ ќе се сруши кога ќе заврши нивниот живот. Нивното наследство зависи од тоа колку добро ги живееле животите. Нарцисите се плашат од тоа дека немаат што да покажат за нивниот живот. Уште поголем е стравот од тоа да бидат заборавени. Исто така ако веруваат во задгробен живот нарцисите се плашат за тоа како нивните постапки ќе се одразат по нивната смрт. До негде тие се свесни дека не се совршени па може да им биде страв дека ќе бидат казнети за сè што направиле во животот.

Дали знаете како луѓето стануваат нарциси?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар