7 работи кои никако не треба да ги правите како туристи
Каде и да се, туристите секогаш имаат лоша репутација. Благодарение на комбинацијата од возбуденост и непознатост на новото место, тие многу често прават прекршоци за кои локалните жители не ни сонувале. Па, погледнете неколку совети од корисниците на Редит за работи кои не треба да ги правите на вашето следно патување.
1. Ако сте во национален парк, држете се подалеку од тоалетите и не крадете
„Јас работам во популарен национален парк во Аризона. Нашиот најголем предизвик е да ги спречиме туристите од Кина да стојат врз тоалетните шолји. Дури поставивме и знаци со инструкции.“
„И јас работам во национален парк. Немојте да крадете од парковите! Без разлика дали е само камче, можете да го гледате, но немојте да го ставате во вашиот џеб.“
2. Немојте да стоите на патеките за велосипедисти во Амстердам
„Слободно искусете сè што ви нуди Амстердам, пробајте марихуана, одете на Црвената улица, уживајте во уметноста и архитектурата. Луѓето овде се дружељубиви, ги прифаќаат различните култури и со задоволство би ви помогнале. Но ако шетате по патеките за велосипеди, секој ќе ви се налути.“
3. Бидете внимателни во подземните железници, каде и да сте
„Немојте да застанувате на скалите кога ќе излегувате од железницата.“
4. Почитувајте го дивиот свет
„Живеам во Австралија и ме излудува тоа што туристите не покажуваат никаква почит. Без разлика дали станува збор за хранење на животните со храна која може да им наштети, користење блиц кој може да исплаши многу животни или пак, едноставни работи како фрлање ѓубре насекаде, луѓето немаат никаква почит.“
„Брат ми работи во еден национален парк. Најмногу од сè, тој сака луѓето да сфатат дека животните не се припитомени, тие се диви. Престанете да се обидувате да ги нахраните или да ги погалите ако не сакате да настрадате.“
5. Не дозволувајте да бидете излажани
„Немојте да му давате пари на човекот кој сака да стигне до аеродромот, но нема пари за билет до таму. Тој не оди на аеродромот, тој е таму секој ден и лаже нови луѓе.“
„Ова ме потсетува на една продавница во Холивуд. Тие секогаш имаа еднодневна распродажба каде што цената на сè беше 5 долари. Но, ова се случуваше секој ден. Секогаш кога поминував од таму имаше знак за ‘еднодневната’ распродажба.“
6. Продолжете да одите
„Еднаш живеев во западен Хампстед, Лондон, и возев покрај студиото Аби Роуд секој ден. Луѓе, ве молам тргнете се од пешачкиот, се обидувам да одам на работа!“
7. И кога сте во Лондон…
„Влегов во продавница на М&M. Боже, како е ова популарно? Зошто мислите дека ако дојдете во Лондон и ако купите играчка од вашите не толку омилени бонбони ќе го претставите вашето искуство овде?“
Погледнете и некои смешни и нелогични поплаки на туристи.