7 работи кои не ни ги кажале во бајките, а требало

7 работи кои не ни ги кажале во бајките, а требало

Пораснавме слушајќи, читајќи и гледајќи ги најпознатите бајки, восхитувајќи им се на принцезите и посакувајќи еден ден да ги сретнеме нашите принцови. Но, настрана од забавната страна на бајките, еве што заборавиле да нè научат нашите омилени бајки.

7 работи кои не ни ги кажале во бајките, а требало

1. Не секогаш ќе има некој кој ќе ве спаси

Во секоја бајка постои некој кој е жртва на негативецот и некој кој ќе го спаси. Да, луѓето се тука за да се поддржуваат и да си помагаат, но факт е дека не секогаш ќе има некој покрај нас и затоа мора да научиме самите да си бидеме свои херои.

2. Не секогаш работата ќе оди со песна

Иако Пепелашка и Снежана постојано пееја забавни ноти при извршувањето на обврските, во реалноста не е така. Ќе има денови кога ќе заминете на работа со песна и ќе завршите со песна, но и денови кои нема да бидат така совршени и тоа е во ред.

3. Нема секој ден да имате совршена фризура

Реалните луѓе не се будат со совршена фризура, има денови кога ни едно влакно нема да стои на место. Совршениот изглед на принцезите во бајките не ни го кажува тоа. Во ред е, никој не бара од вас да изгледате како принцези 24 часа на ден, секој ден.

4. Убавината доаѓа во различни пакувања

Не се само слабите, бели принцези со руса коса синоним за убавина. Убавината зрачи од внатре и секој е убав на свој начин. Тоа е од огромно значење и покрај тоа што поинаку ни било претставено во приказните.

5. Некогаш ќе треба да бидете груби

Принцезите во бајките се добри, наивни, никому не му мислат лошо, секогаш се љубезни и полни со разбирање. Обичните луѓе не можат да бидат толку совршени. Ниту пак треба. Иако секој треба да биде добар и љубезен, некогаш едноставно ќе мора да покажете заби.

6. Секој носи последици од своите одлуки

Ако сомнителен странец ти понуди јаболко, ти му отвориш врата од домот и го земеш јаболкото, сам си виновен за последиците, не судбината.

7. Не постои целосно среќен и совршен крај

Не значи дека откако принцот и принцезата ќе стапат во брак и ќе го уништат негативецот ќе живеат совршен, среќен живот исполнет со хармонија. Да, сите треба да се трудиме да ја одржиме хармонијата во нашиот живот, но мора да се соочиме со фактот дека не постои совршенство, едноставно понекогаш се случуваат лоши работи со кои треба да се справиме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Hristina Reply

    Воопшто не е така, за убавината ја имаш Убавицата и Зверот, од нација имаш Аладин и Принцезата и жабата, како што гледам овде се цртаните коментирани, а не бајките. Во Снежана баш токму тоа е поентата да те научат дека ако отвориш на странец може да те снајди нешто лошо и точно тоа е прикажано дека не оди се со песна, во Пепелашка и го кинат фустанот и не успева да оди на забавата, значи те снаоѓа лошо, арно ама треба да веруваш дека после лошото доаѓа доброто, нели потоа доаѓа добрата вила, пораките на бајките и приказните се силни, а фризурите и така не се битни толку и зошто да не ти е секогаш средена косата. Можи требало да ги учат децата дека има несреќен крај а? Сите треба да веруваме во среќен крај и кога тогаш ќе не најди среќата… Почнете да пишувате поубави статии ВАШИ, не копирајте странски глупости.

Остави коментар