7 работи кои келнерите би сакале да престанеме да ги правиме

7 работи кои келнерите би сакале да престанеме да ги правиме

Емпатијата е достојна за пофалби, но ако ја злоупотребиме, можеме да направиме повеќе штета отколку добро. Особено кога се обидуваме да го искомплцираме животот на келнерот во некое кафуле или ресторан.

7 работи кои келнерите би сакале да престанеме да ги правиме

Иако понекогаш ни изгледа дека ги чекаме келнерите цела вечност да дојдат и да нарачаме, за нив не е лесно затоа што понекогаш прават неколку работи истовремено. Погледнете кои 7 работи келнерите би сакале да престанеме да ги правиме бидејќи ги излудуваат. Можеби следниот пат ќе размислите подобро.

1. Добивте кафе, но нарачавте чај? Треба да му кажете на келнерот дека направил грешка без да оставате лоша критика. Подобро оставете само бакшиш.

2. Келнерите немаат време за разговори за земјите и градовите кои сакате да ги посетите или различните сорти вино, па затоа подобро само оставете бакшиш и насмевнете се.

3. Келнерите имаат сопствен систем за собирање на садови од масата, така што помагајќи им да ги редат чиниите една врз друга, всушност не е правилниот начин за помош. Оставете ги да си ја вршат работата.

7 работи кои келнерите би сакале да престанеме да ги правиме

4. Ако сакате да го зборувате странскиот јазик кој неодамна започнавте да го учите и сте во друга земја, тогаш подобро е да не го правите со келнерите. Ќе ги збуните, а можеби и ќе добиете погрешна храна.

5. Не го допирајте послужавникот за да ги оставите валканите чаши, бидејќи тоа е негов послужавник и негови правила.

6. Кога нема место во ресторан, подобро почекајте келнерот да ви пронајде слободна маса отколку вие да правите ваши планови.

7. Ако скршите чинија или чаша, не собирајте ги остатоците. Извинете се и оставете го келнерот да исчисти, бидејќи ако се повредите, ќе му направите лош проблем.

Прочитајте во кои 9 ситуации во кои треба да бидете себични.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар